Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „НАЈАМБИЦИОЗЕН ПЛАН КОЈ ЌЕ ДОПРЕ ДО 16.000 ГРАЃАНИ“: Митева со детали за мерките од Оперативниот план
Економија

„НАЈАМБИЦИОЗЕН ПЛАН КОЈ ЌЕ ДОПРЕ ДО 16.000 ГРАЃАНИ“: Митева со детали за мерките од Оперативниот план

29/05/2025

AA

Со мерките од Оперативниот план за вработување за 2025 година ќе бидат доделени неповратни средства во две категориии, а како што истакна портпаролката на Владата овие мерки имаат за цел да ја променат логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација.

– Понекогаш, најголемата инвестиција не е во бројки, туку во насоката во која како држава одлучуваме да се движиме. А кога таа насока се луѓето – тогаш тоа не е само план, туку визија. Оперативниот план за вработување за 2025 година не е уште еден документ – тој е одговор на едно суштинско прашање: Како да ја претвориме економската стабилност во животна стабилност?

Со рекордни 40 милиони евра, ова е најамбициозниот план досега, кој ќе допре до над 16.000 граѓани низ девет стратешки и добро темпирани мерки. Но, зад бројките стои нешто поголемо – одлуката да водиме економска политика што почнува и завршува со граѓаните – кажа Марија Митева, портпаролка на Владата на Македонија. 

На денешната прес-конференција во Владата Митева се осврна на двете суштински мерки од Оперативниот план.

– Поддршката за самовработување која опфаќа три категории е за невработени лица до 29 години која според проекциите има опфат од 720 лица, а финансиската рамка е 615 илјади денари неповратни средства. 

Втората категорија се невработени лица над 29 години која опфаќа 610 лица, а овде финанасиската рамка е 430 илјади денари неповратни средства. 

Поддршка за вработување на здружување во друштво со ограничена одговорност која е предвидено да опфати 400 лица, тука може да се направи рализка во однос на финансиската рамка затоа што најнискиот износ од 861 илада ќе се донесува на два содружника над 29 години, а највисокиот од еден милион и 230 илјади денари се однесува на два содржуника до 29 години – посочи портпаролката на Владата.

Таа истакна дека втората суштинска мерка од Оперативниот план е е поддршката за креирање на нови работни места

– Ова мерка опфаќа нови работни места во микро, малите, средните претпријатија и граѓанските организации, опфатот е за 1.570 лица, втора категорија тука која е исклучително важна е поддршката за вработување на лица со попречености и оваа мерка опфаќа вработување на 150 невработени лица – појасни Митева.

Оцени дека овие две мерки не се само техничка категорија, туку дека тие се политичка одлука да се промени логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработеноста кон активна мобилизација.

– Овие две мерки не се само технички категории, тие се политичка одлука да ја промениме логиката на државната поддршка од пасивна контрола на невработнеоста кон активна мобилизација на таленот кој го имаме, но предолго бил заборавен. Самовработувањето не е само помош на поединецот, тоа е сигнал до целото општество дека не чекаме само инвеститори да ја спасат економијата ние ги охрабруваме луѓето да бидам сами инвеститори во нивната иднина. 

Создавањето на нови работни места не е само поддршка за фирмите, туку враќање на вербата дека трудот е вредност која се испплати, дека има логика во останбувањето тука, во започнување на ново поглавје, во градење на нешто свое. Оваа влада нема да дозволи повеќе ниту еден човек коој има волја да работи да создава да биде игнориран како што било тоа случај во минатото – изјави Митева. 

Нагласи дека се очекува целосна искористеност на мерките и средствата кои ги нуди овој Оперативен план.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа

07/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје

07/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА

07/10/2026
Македонија

ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка

07/10/2026
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46039
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА Е ЛИДЕР ВО РЕФОРМИТЕ ВО РЕГИОНОТ Тоа се гледа по испорачаните средства за пензиите,

07/10/2026

Македонија е лидер меѓу земјите од регионот според реализацијата на Реформската агенда, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски. Според него,

БУГАРИЈА МОРА ДА ГИ ПОЧИТУВА ПРЕСУДИТЕ ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“-ПИРИН Скопје го затвори пост-мониторингот, Софија има

07/10/2026

Бугарија мора да ги исполнува обврските што произлегуваат од пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур за регистрацијата

ВЛАДАТА УСВОИ ИЗМЕНИ НА БУЏЕТОТ ПО НАМАЛЕНИТЕ ДАВАЧКИ ЗА ГОРИВА Дефицитот останува ист, се приспособуваат

07/10/2026

Владата соопшт дека денеска го усвоила Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година, со кој приходите и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy