ЈОАНИК МАЛУКОС Е НОВИОТ ГРЧКИ АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА Вети поддршка за ЕУ, Скопје очекува засилен ангажман
Јоанис Малукос е новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Грција во Македонија. Тој денеска ѝ ги предаде акредитивните писма на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и вети силна грчка поддршка за македонскиот пат кон Европската Унија.
Малукос изразил подготвеност за развивање на добрососедските односи преку конструктивен политички дијалог и доследно почитување на меѓународното право.
Тој информирал дека проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан ќе биде еден од приоритетите за време на грчкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година.
Присуството на грчките компании во Македонија, новиот амбасадор го оценил како важен економски мост меѓу двете земји.
Сиљановска-Давкова, пак, изразила очекување неговиот мандат да придонесе за отворање ново поглавје во македонско-грчките односи.
Според неа, Грција е важен сосед и потенцијален стратешки партнер, а односите треба да се градат во духот на добрососедството.
Претседателката оценила и дека Грција, како земја од регионот со најдолго искуство во ЕУ, има историска и политичка одговорност за европската интеграција на Западен Балкан.
Во пресрет на грчкото претседавање со Советот на ЕУ, таа очекува засилен ангажман на Атина за исполнување на ветувањата од Солунската агенда од 2003 година.
Во економската соработка, Сиљановска-Давкова ги издвоила Коридорот 10 и гасниот интерконектор како стратешки проекти за двете земји.
Таа ја поздравила и грчката иницијатива регионот на Преспа да биде впишан на листата на светско наследство на УНЕСКО.
Претседателката упатила и срдечни поздрави до грчкиот претседател Константинос Тасулас и до грчкиот народ.
.
Извор: plusinfo.mk