Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието го додели Министерството за култура и туризам
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието го додели Министерството за култура и туризам

07/10/2026

AA

Limak Skopje Luxury Hotel е прогласен за „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“, во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“.

„Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата ‘Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година’ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel“, се вели во соопштението на хотелот.

Признанието, кое го доделува Министерството за култура и туризам во рамки на манифестацијата „Најдобрите во 2026 година“, по повод Светскиот ден на туризмот, на претставниците на Limak им го врачи министерот за култура и туризам на земјава, Седат Сулејмани, на свеченоста одржана во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје.

Наградата, која има долгогодишна традиција, е признание што Министерството за култура и туризам го доделува за придонес кон унапредувањето на туристичката понуда и квалитетот на услугите во туризмот.

За Limak Skopje Luxury Hotel, таа е потврда за резултатите во секојдневната работа, од квалитетот на услугата и професионалноста на тимот, до начинот на кој одговара на сè поголемите очекувања на своите гости.

„Во година во која Скопје и натаму се позиционира како дестинација за деловни патувања, значајни конференции и големи настани, признанието од Министерството за култура и туризам е важна потврда за местото што хотелот го има во туристичката понуда на главниот град“, се вели во написот.

Поставен во централното градско подрачје, Limak Skopje Luxury Hotel е дел од современиот урбан пејзаж, а неговата локација и архитектурата му даваат посебно место на хотелската и угостителската сцена во земјава.

– Ова признание за нас има голема вредност затоа што доаѓа како резултат на работата на нашиот тим кој секојдневно се грижи Limak Skopje Luxury Hotel да ја оправда довербата од своите посетители. Во хотелиерството, квалитетот се гледа во деталите, почнувајќи од услугата, вниманието кон гостинот, начинот на кој тимот реагира, но и во чувството со кое гостинот го напушта хотелот. Горди сме што трудот на нашиот тим е препознаен и од институцијата што го следи развојот на туризмот во земјата. Ова признание за нас е потврда за постигнатото, но и мотив да продолжиме да инвестираме во уште повисоки стандарди – изјави Санџак Курт, генерален директор на Limak Skopje.

Фото: Limak Skopje Luxury Hotel

„Признанието од Министерството за култура и туризам добива дополнителна тежина ако се земат предвид и впечатоците на самите гости. Limak Skopje Luxury Hotel е меѓу највисоко оценетите хотели на Booking.com. Особено се издвојува по локацијата, удобноста, чистотата и професионалноста на персоналот, а во 2026 година го доби и признанието Traveller Review Award“, велат од хотелот.

Со 146 соби, ресторан, лоби бар, скај бар, спа и фитнес центар, како и современи простори за конференции и настани, Limak Skopje Luxury Hotel е дизајниран да одговори на различни потреби, и за кратки престои и деловни патувања, но и за големи корпоративни и приватни настани.

– Најголемата вредност на едно хотелско признание е кога зад него стои искуството на оние што престојувале во хотелот. Нашата работа е секој гостин, без разлика дали доаѓа на една ноќ, на деловен состанок, на конференција или на подолг престој, да почувствува дека вниманието кон него е искрено и професионално. Затоа ова признание го споделуваме со целиот тим на Limak Skopje Luxury Hotel. Тоа е нивна награда исто колку што е и наша, бидејќи токму луѓето се тие што го претвораат хотелот во искуство – изјави Ѓокан Рамазаноглу, генерален директор на Limak Skopje Luxury Hotel.

За Limak Skopje Luxury Hotel, признанието „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ е потврда за досегашната работа, но и поттик за понатаму, велат од хотелот.

Хотелот порачува дека со истото внимание кон услугата и гостите, ќе продолжи да го гради своето место меѓу значајните хотелски имиња во главниот град.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ЛИМАК СКОПЈЕ Е НАЈДОБАР СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ ЗА 2026 ГОДИНА Признанието

07/10/2026
Македонија

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ

07/10/2026
Македонија

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во

07/10/2026
Македонија

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ

07/10/2026
Македонија

ВАКЦИНАЦИЈАТА ПРОТИВ ГРИП ЌЕ ПОЧНЕ ВО ОКТОМВРИ Обезбедени се 56.000

07/10/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминaла од домот

07/10/2026
Македонија

ИСЧЕЗНА 18-ГОДИШНА ДЕВОЈКА ОД БЕЛГИЈА ВО БИТОЛСКО Заминила од домот

07/10/2026
Македонија

ОДЗЕМЕН ПАСОШОТ НА БИТОЛСКИОТ ОБВИНИТЕЛ КОЈ ПРИМАЛ МИТО Влијаел кај

07/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46035
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕ МОРА ДА ЧЕКААТ ВЕТИНГ, МОЖЕ ДА СЕДНАТ НА ПОЛИГРАФ Порака од Мицкоски до опозицијата

07/10/2026

Ќе дојде денот кога ќе се срамат за она што им го прават денеска и на граѓаните и на Македонија,

УКРАДЕНИ 12 ВЕЛОСИПЕДИ, ПОЛИЦИЈАТА ГО ФАТИ ОСОМНИЧЕНИОТ Кражбите биле во Аеродром, Центар и Кисела Вода

07/10/2026

Полицијата уапси 32-годишен скопјанец во Гази Баба, кој се сомничи дека извршил повеќе тешки кражби на велосипеди во Скопје. Станува

НАМЕСТО ЧИПСОВИ, СМОКИ И БИСКВИТИ, ПОВЕЌЕ КРУШИ, ЈАБОЛКИ И БАНАНИ Училиштата ќе добија налог да

07/10/2026

Министерството за образование и наука (МОН) наскоро до сите училишта во земјата ќе достави препораки за исхраната на учениците, најави

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy