Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува сите колективни договори
Македонија

СИНДИКАТОТ БАРА НЕШТО ШТО СДСМ 7 ГОДИНИ НЕ МУ ГО ИСПОЛНИЛ Оваа влада ги испочитува сите колективни договори

17/02/2026

AA

ССМ за една година од Владата бара исполнување на барањата кои во изминатите седум години, за време на владеењето на СДСМ не биле испорачани – рече пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во гостување на телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистина”

– За една година се бара нешто коешто не било испорачано изминатите 7 години, имале доволно време СДС да ги зголемуваат платите, да ја зголемуваат минималната плата, за да сега синдикатите бидат помалку незадоволни. Кога СДСМ беше на власт и кога ја зголеми минималната платата на 18.000, со законска измена во договор помеѓу работниците и работодавачите, ја зголеми само минималната, плата но не и другите плати, тогаш ССМ на нивно барање иницираше амандман којшто ние го поднесовме за зголемување на сите плати, тогаш ние од ССМ добивме пофални зборови – рече Петрушевски.

Петрушевски објасни дека со доаѓањето на власт, Владата ги исполнила барањата на ССМ, со зголемувањето на платите во јавниот сектор, на здравствените работници, полициските службеници, социјалните работници, како и зголемувањето на платите за 11.000 вработени во администрацијата.

– Таа обврска којашто сме ја презеле ние како тогашна опозиција за разлика од другите опозициски партии, ние штом дојдовме на власт ги испорачавме тие барања на ССМ. Линеарното зголемување на вработените во јавниот сектор го направивме секаде, ги зголемивме платите во образованието со колективен договор каде што зголемувањето ќе биде од 40 до 60% во рок од 4 години, ги зголемивме платите во високото образование за 14%, здравствените работници исто така ќе добијат од 40 до 50% повисоки плати, полициските службеници добија 10% зголемување, социјалните работници добија 20% поголеми плати, вработените во СОЗР 30%, последниот договор со УПОЗ и САДУ околу 11 илјади вработени во администрација добиваат 40% поголеми плати – објасни Петрушевски.

– Испочитувани се сите колективни договори коишто претходната власт ги потпиша на заминување и не ги почитуваше, во одбраната, во културата и сите други институции. Ние ги зголемуваме платите многу повеќе од она коешто тогаш беше барање на Трендафилов кога беше СДСМ на власт, сега одеднаш бара 12 илјади и прави протести и блокади каде што претходно не ги правеше. Дијалог се води на институционално ниво, затоа постои социо-економскиот совет каде што треба да седнат работниците и работодавачите, да се усогласат, да ги истакнат аргументите синдикатите кои се нивните барања – рече Петрушевски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ

13/10/2026
Македонија

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените

13/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО

13/10/2026
Македонија

СИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР ЌЕ ДОНЕСЕ СТУД Променливо облачно и постудено

13/10/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ОЧЕКУВА СОФИЈА ДА ЈА ИСПОРАЧА МИХАИЛОВА Најголемиот проблем е

13/10/2026
Македонија

РАБОТОДАВЕЦОТ НА ЗАГИНАТИОТ ДУРМИШИ БАРА ПРАВДА „Михаилова мора да одговара

13/10/2026
Македонија

АЗИЗИ, ПЕЛИВАНОВ, РАИЧЕВИЌ, ХАЏИ ВАСИЛЕВА И ЦВЕТАНОВСКИ ВО ТРКА ЗА

13/10/2026
Македонија

ОД БРЕМЕНОСТА ДО ПРВИТЕ ЧЕКОРИ НА БЕБЕТО „Матрона“ и dm

13/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОБЛЕМОТ СО СОФИЈА ЌЕ СЕ РЕШИ АКО 5-6 ГОЛЕМИ ЧЛЕНКИ ПОСАКАТ ПРОШИРУВАЊЕ НА ЕУ Во

13/10/2026

Доколку се врати апетитот за проширување во 5 до 6 поголеми земји членки на Европската Унија, прашањето со Бугарија нема

„РОЗОВ ПУЛС ЗА БИТОЛА“ Грижа, поддршка и солидарност со жените што се соочуваат со рак

13/10/2026

  Во Офицерскиот дом во Битола вечерва се одржа настан „Розов пулс за Битола“ со цел подигнување на свеста за

ФРАПАНТНО И НЕВИДЕНО Е ОДНЕСУВАЊЕТО НА БУГАРИЈА ЗА СЛУЧАЈОТ СО МИХАИЛОВА Истрагата ќе открие како

13/10/2026

Обвинетата Ива Михаилова, која викендов се појави на медиумите во Бугарија, нелегално ја напуштила државата, а истрагата ќе покаже како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy