Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што научивме од Ковид19?
Македонија

Што научивме од Ковид19?

28/02/2024

AA

Три години се живееше во ограничувања и со рестриктивни мерки, а враќање на животот во нормала одеше постепено. Но, сега откако научивме да живееме и со присуството на Ковид-19, но не во пандемиски размери, се чини дека е вистинско време да се постават одредени прашања. Преиспитувањето се чини посебно важно затоа што микробиолози и епидемиолози, научници и истражувачи повеќе пати предупредуваат дека Ковид-19 досега беше најстрашната глобална здравствена закана, но ниту е единствена а уште помалку последна.

Пример треба да започнеме со прашањето што навистина научивме од Ковид-19? Дали и во случај на следна епидемија ќе правиме експерименти со сомнителни лекови, а ќе спориме официјално одобрени методи.

„Ивермектинот“, ветеринарен антипаразитски лек со широк спектар на делување, кој се користи за лекување животни, во првиот ударен бран на вирусот се користеше и како превенција и за лекување на Ковид 19. Уште пред да се започне со терапевтско лечење со „Ивермектин“, многу пациенти го примаа на своја рака, купувајќи го од соседните земји, а домашните епидемиолози и микробиолози укажаа дека овој лек може да направи пресврт во пандемијата.

По ова, на 2 јануари, 2021 година Комисијата за заразни болести, откако доби уверување дека лекот е евтин и ефикасен, даде зелено светло да се користи кај нас. Лекот не се произведува во Македонија, а дотогаш не беше ни регистриран и затоа се направи интервентен увоз на лекот. Веќе на 14 јануари Министерството за здравство информира дека стручниот колегиум за ЈЗУ Универзитетска клиника за пулмологија и алергологија изготви Протоколот за лекување на пациентите со ковид-19 и истиот е доставен до матичните лекари.

Директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, доктор Милена Стевановиќ изјави дека на Инфектологија немаат никакво искуство со „Ивермектинот“, но нивните колеги од Фармацевтскиот факултет кои го анализирале лекот малку повеќе, од фармаколошки аспект, сугерираат дека треба да му се даде шанса.

Лекувањето со овој лек, проследено со многу контроверзии и неосновани теории, во еден краток период зеде голем замав, но во другите земји траеше кратко, за разлика од кај нас.

Во светот веќе ќе почне да се отфрла идејата и употребата на ветеринарниот „Ивермектин“ за третман на луѓе. Производителот на лекови „Мерк“ објави дека овој лек не лекува Ковид-19, сепак само ден потоа Министерство за здравство на 5 февруари, ќе рече дека лекот „Ивермектин“ ќе продолжи да се дава кај ковид пациенти во Македонија.

Немаше вакцини, а имаше лек „Ивермектин“. За истиот тој лек, неколку месеци претходно и американската Агенција за храна и лекови предупреди на социјалната мрежа Твитер – „Не сте коњи. Ниту крави. Сериозно, сите, престанете да го земате лекот Ивермектин“.

Многу порано, уште на 22 март Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека „Ивермектин“ не помага во спречувањето и лекувањето на Ковид-19. Во целиот тој период во Европската Унија, овој лек се користи исклучиво за лекување на паразитски и кожни заболувања кај животните, но не е одобрен за лекување на Ковид-19. ЕМА објави дека не добила апликација за таква употреба.

Повеќе од една година македонските пациенти спротивно на препораките од најрепрезентативните глобални агенции за лекови, се лекуваа со ветеринарен лек, по протокол и со препорака од лекар. За последиците од ваквото лекување сѐ уште нема никаде никакви податоци, ни истражување, затоа што во Македонија, како една од ретките земји каде се појавија доволно околности да се спроведе едно вакво истражување, не се направи. Сето ова без никаква, ни колективна, ни индивидуална а најмалку институционална одговорност.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Љутков: Спојувањето на културата и туризмот е полн погодок

04/06/2026
Македонија

Љутков: Новата конструкција на Универзална сала е 10 пати побезбедна

04/06/2026
Македонија

Љутков става крај на партиските вработувања во културата: Има театри

04/06/2026
Македонија

Љутков: Со години се кратеа парите за археолошки истражувања, затоа

04/06/2026
Македонија

Еколошка бомба во „Скопјанка“: Фекалии ги поплавија подрумите, станарите стравуваат!

04/06/2026
Македонија

Турци се степале во Прифатниот центар во Визбегово

04/06/2026
Македонија

Драма во скопска здравствена установа: Шефица нападнала колешки, реагирало и

04/06/2026
Македонија

Скандалозни наоди во ИЈЗ: ДКСК отвори предмет за кабелот од

04/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43606
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Песков: Русија е подготвена да му помогне на Иран на многу начини, сè зависи од

23/06/2025

Русија е подготвена да му помогне на Иран на различни начини поради ескалацијата на Блискиот Исток, а тоа во голема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy