ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа на патот Струмица-Радовиш
Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска на магистралниот пат Струмица–Радовиш, на делницата меѓу Василево и Владевци.
Несреќата е пријавена околу 12:40 часот.
Според првичните информации, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки излетало надвор од коловозот, при што возачот починал.
Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Струмица–Радовиш е во прекин.
Полициски екипи се на местото и вршат увид за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.
.
Извор: plusinfo.mk