Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МОН: Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво
Македонија

МОН: Од понеделник исплата на субвенциониран студентски оброк на неделно ниво

28/02/2024

AA

Наместо на дневна основа, од следниот понеделник паричните средства за субвенциониран студентски оброк, ќе се исплаќаат одеднаш за шест дена во неделата. Ова е предвидено со последните измени на Законот за субвенциониран студентски оброк, направени на барање на студентските организации и здруженија, а во насока на унапредување на решението за користење на оваа системска мерка.

Министерството за образование и наука известува дека почнувајќи од следната седмица, секој студент кој го остварува правото на субвенциониран студентски оброк на својата трансакциска сметка ќе добива буџет во износ од 840 денари кои ќе бидат наменети за купување оброк, односно намирници за прехрана и ќе можат да се искористат од понеделник до сабота.

-На овој начин се зголемува практичноста на законското решение кое досега предвидуваше исплата на 140 денари на дневна основа. Нема промена во условите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Рокот за пријавување на студентите кои досега не го оствариле ова право или не ги исполнувале критериумите, е од први до петти секој нареден месец преку порталот e-uslugi.mon.gov.mk. Со оглед на тоа што примената на новото законско решение стапува на сила од 1 март, информираме дека секој студент корисник на правото, овој петок ќе добие средства за двата преостанати дена од седмицата, односно 280 денари, информираат од МОН.

МОН ја почитува волјата на студентите и го исполни нивното барање. Тие и понатаму ќе бидат важен партнер на институција во креирањето на политиките и мерките кои ги засегаат младите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Утре нестабилно време: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен

26/07/2026
Македонија

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026
Македонија

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на

26/07/2026
Македонија

Невработеноста продолжува да опаѓа, но расте неформалната работа

26/07/2026
Македонија

Планинскиот туризам има потенцијал, но останува во сенка за време

26/07/2026
Македонија

Потресни зборови на холандски пилот кој во 1963 летал над

26/07/2026
Македонија

Просечна плата од речиси 50.000 денари – доволна ли е

26/07/2026
Македонија

Три активни пожари во Македонија, вкупно регистрирани 12

25/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44663
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Утре нестабилно време: Пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град

26/07/2026

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од

Расте домашното производство на струја, намален увозот во мај

26/07/2026

Македонија во мај годинава успеала речиси целосно да ги задоволи домашните потреби за електрична енергија од сопствено производство. Според најновите

Симболот кој пркоси на времето: Невремето го „разниша“ часовникот на Музејот на град Скопје токму

26/07/2026

Денеска, кога главниот град ја одбележува 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес што се случи во 5:17 часот наутро, Скопје се потсетува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy