УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава
Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на слаби врнежи од дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Утринските температури ќе се движат од 1 степен во Берово до 11 степени во Гевгелија, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 18 степени во Маврово до 26 степени во Гевгелија.
Во Скопје се очекува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а температурата ќе се движи од 8 до 25 степени.
Според прогнозата, во среда повторно ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 8 до 25 степени.
Во четврток, според прогнозата на УХМР, ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 2 до 12 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 17 до 25 степени.
.
Извор: plusinfo.mk