Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Само небото е лимит за државна Пошта! Ќе даде свои чистачки и ќе плати 1,2 милиони евра да биде убава и чиста
Економија

Само небото е лимит за државна Пошта! Ќе даде свои чистачки и ќе плати 1,2 милиони евра да биде убава и чиста

06/10/2023

AA

Државната пошта на тендер избра фимра на која ќе плати 1,2 милиони евра за чистење и одржување хигиена за период од две години. При тоа таа фирма ќе ангажира чистачки кои сега работат во државната Пошта, а нема да смее да им плати помалку од минимална плата!!! За да биде посмешно или трагично треба да се напомене дека Владата редовно ја крпи финансиската дупка што ја прави Пошта речиси секоја година. За претходните две години компанијата направи загуба од 6,6 милиони

Скопската компанија „Стед-комерц“ ќе ја одржува хигиената во 16 деловни единици на државната компанија Пошта за период од 2 години за тие услуги ќе наплати до 1,2 милиони евра (со вклучен ДДВ). Во конкуренција на три компании за чистење „Стед Комерц“ дала најниска понуда која е пониска од почетната цена за 70.000 евра.

Тендерот, достапен на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-acpp/ef44cd20-fa87-4bdc-9931-e7d9017a7f4d , предвидува три типа на услуги за чистење со различни цена за чистење површина квадратен метар.

Најневеројатно е тоа што освен што ќе плати пари за чистење Поштата ќе отстапи и свои вработени – хигиеничарки на фирмата што ја дава услугата. Тоа е регулирано во договорот во кој пишува дека носителот на набавката односно „Стед компани“ се обврзува дека нема да исплаќа плата под минимално утврдената на тие хигиеничарки што ќе ги превземе од државната пошта.

Вотендерската документација има три ставки за чистење. Првата е најевтина изнесува 7 денари за квадратен метар површина и се однесува на редовно чистење.
Следната ставка е полугодишно чистење и цената по квадратен метар е 30 денари затоа што обемот на работи е поголем, а и опфаќа машинско чистење.

И најскапата ставка е генерално чистење. Таа чини 148 денари за квадратен метар и може да се врши еднаш годишно односно два пати во периодот на договорот.

Државната Пошта заедно со државните железници е еден од двата најголеми државни загубари. Затоа Пошта редовно добива дотации и помош од централниот буџет.

Од основната економска анализа веднаш во очи паѓа апсолутната доминација на трошоците за плати на над 2.000 вработени во структурата на вкупните трошоци на Пошта. Од податоците во независниот ревизорски извештај се гледа дека лани на трошоци за своите вработени Пошта исплатила речиси 16 милиони евра. За нивно покривање се потребни 94 отсто од сите приходи на Пошта лани. Оваа компарација повеќе од јасно укажува на состојбата во која се наоѓа хроничниот државен загубар на кој ниту една Влада досега не му нашла лек.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy