Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Реакција на вработените во обложувалниците: Дистанца за објектите не оди заедно со интернет игрите на среќа!
Економија

Реакција на вработените во обложувалниците: Дистанца за објектите не оди заедно со интернет игрите на среќа!

06/10/2023

AA

Здружението на вработени во сектор игри на среќа „Сакам да работам“ смета дека повторното актуелизирање на скандалозните и противуставни измени на Законот за игри на среќа со ЕУ знаме е вовед во целосното затворање на објектите и оставање на 10 илјади вработени на улица. 

Во продолжение во целост ви ја пренесуваме писмената реакција на асоцијацијата на вработените во овој сектор.

„Апсурдно е да се претставува дека дистанцата од 500 метри од образовни институции ќе ги задоволи противниците на легалните игри на среќа, кога во исто време Државна лотарија спроведува постапка за отворање на три нови компании кои ќе организираат онлајн игри на среќа, каде секој ќе може да игра од својот мобилен, без разлика каде се наоѓа. Едноставно, дистанца не оди заедно со организирање игри на среќа преку интернет. Ова што сега се случува укажува дека некој мисли дека актуелниот строго регулиран систем на игри на среќа треба да биде затворен! Со цел да се остварат нечии лични бизнис интереси преку фирми кои без ниту еден вработен ќе приредуваат игри на среќа преку интернет. Многу не интересира со кои аргументи ќе се убедува сега јавноста дека младината е повеќе загрозена од излозите на објектите отколку од онлајн игрите на среќа. 

Згрозени сме од леснотијата со која Државата брутално, на повеќе нивоа се пресметува со најголемиот приватен работодавец. Бројот на луѓе кои работат во секторот на игри на среќа е поголем од бројот на жители во неколку општини вкупно во источна Македонија. Нели се свесни сите политички партии дека ние можеби сме гласале за нив на избори? Како е можно никој да не води грижа што ние заедно со своите семејства ќе мора да си ја бараме егзистенцијата во западните земји, каде повторно ќе работиме во истиот сектор. Затоа, што во нашите професионални вештини е инвестирано преку бројни обуки по највисоки светски стандарди за организирање игри на среќа. 

Јавно прашуваме: Која ЕУ директива предвидува затворање на легалните игри на среќа? Која ЕУ директива предвидува затворање на објекти за сметка на игри на среќа преку интернет? Која ЕУ директива предвидува оставање 10 илјади вработени на улица? Која ЕУ директива предизвикува игри на среќа на црно, без лиценци и контрола од Државата? Ние одговорите ги знаеме, ниту една! Не постои ЕУ директива која може да ги покрие противуставните и скандалозни измени на Законот за игри на среќа. 

Бидете сигурни дека ќе се бориме со сите демократски средства за да ги заштитиме нашите права. Нашето трпение е при крај. Нема да дозволиме да бидеме жртви на политички пресметки. Ќе излеземе на масовни протести за да видите со колку човечки судбини си поигрувате. Повлечете се од нечесните намери. Тргнете ги од дневен ред законските измени пред да стане доцна!“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле

30/09/2026
Македонија

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО

30/09/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА ОПЕРАЦИЈА ВО ПРИЛЕП Претреси на околу 30 локации,

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУЛИОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (1) Комитопулот на

30/09/2026
Македонија

ДАЛИ ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ИМА ТАЕН ДОГОВОР СО БУГАРИЈА ЗА НОВО

30/09/2026
Македонија

НЕМА НАУЧНА ПОТВРДА ДЕКА МОШТИТЕ СЕ НА ЦАР САМОИЛ Бугарија

30/09/2026
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45884
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦАРИНСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ОТКРИЈА 12 МИГРАНТИ ВО ЕДЕН ДЕН Се криеле во камиони за царинење

30/09/2026

Царински службеници во еден ден открија 12 илегални мигранти со потекло од Египет и Судан, при контрола на стока пријавена

2 И ПОЛ ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА ВРАБОТЕНАТА ВО МРВ ШТО ФАЛСИФИКУВАЛА ВОЗАЧКИ ДОЗВОЛИ ЗА КАМИОНИ

30/09/2026

Две и пол години затвор доби вработената во Министерството за внатрешни работи која е обвинета за фалсификување на возачки дозволи,

ОДБРАНАТА ПОВИКА 244 СВЕДОЦИ НА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“ Газда Деко на 3 октомври излегува од

30/09/2026

Вкупно 244 сведоци повикале адвокатите на 34 обвиети физички и 3 правни лица за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy