Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Работилница на Интерпол за организиран криминал денес и утре во Скопје
Магазин

Работилница на Интерпол за организиран криминал денес и утре во Скопје

02/04/2025

AA

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР Александар Јанев денеска ја отвори работилницата на Интерпол за сребрена потерница, која се одржува од 2-3 април 2025 година во Скопје, на која учествуваат околу 60 јавни обвинители, полициски службеници и претставници од финансиски институции надлежни за враќање на криминално стекнат имот, од Европските држави и САД.

Работилницата е фокусирана на дискусија за имплементација на новата уникатна алатка на ИНТЕРПОЛ, преку која на државите членки им се овозможува поуспешна борба против организираниот и сериозен криминал и зајакната меѓународна полициска соработка, преку упатување на барања и размена на информации за лоцирање, идентификување и добивање податоци за криминално стекнат имот во странство.

Како дел од експертската работна група на ИНТЕРПОЛ за сребрена потерница меѓу 32 држави од светот, како и дел од пилот проектот за сребрена потерница меѓу 51 држава од светот, нашата држава е единствената држава од регионот на Западен Балкан, која дава активен придонес во пилот фазата за распишување на сребрени потерници, со воспоставена тесна координација на национално ниво помеѓу сите надлежни служби за спроведување на законот.

Процесот за враќање на криминално стекнатиот имот е од особена важност во борбата против криминалот и корупцијата, придонесува кон разбивање на криминалните мрежи и зацврстување на довербата кај граѓаните. Преку враќање на криминално стекнатиот имот, се удира директно во главниот двигател на криминалната активност – стекнувањето профит и значителната економска позадина, која е од суштинско значење за функционирањето на криминалната мрежа, а од друга страна се отвара можност за генерирање на финансиски средства за понатамошен развој и јакнење на правниот систем во државите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман

21/08/2026
Македонија

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026
Македонија

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе

21/08/2026
Македонија

Холанѓанец фатен на Табановце со 168 км/ч, возел двојно побрзо

21/08/2026
Македонија

Приведени11 возачи за безобѕирно управување со возило – осум возеле

21/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова до македонските спортисти во Таранто: Верувајте во себе и

21/08/2026
Македонија

Со брусилица исечени над 45 столбови на патеката Попова Шапка

21/08/2026
Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција

21/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45172
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарот во Церово под будно следење, екипите со максимален ангажман на терен

21/08/2026

Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман

Водата во Демир Капија повторно безбедна за пиење, укината забраната

21/08/2026

Жителите на Демир Капија повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и подготовка на храна. Од

Филипче за Мицкоски: Одговорноста ќе го стигне откако власта ќе ја вратиме во рацете на

21/08/2026

Во интервју за „Тема на денот“ на Сител телевизија, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, врече дека трагедијата и болката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy