Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кривична пријава за полицаец од СВР Охрид – си носел дрога на работното место, а потоа одбил тестирање!
Македонија

Кривична пријава за полицаец од СВР Охрид – си носел дрога на работното место, а потоа одбил тестирање!

02/04/2025

AA

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди  при МВР до  надлежното Основно јавно обвинителство Охрид поднесе кривична пријава против А.М., полициски службеник во ПСОН Охрид при СВР Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори “ по член 215 став 1 од КЗ. Во временскиот период кога полицискиот службеник А.М. бил предвиден за работа и извршувал работни задачи на обезбедување на вила Бела (поранешна вила Македонија), сопственост на Министерството за внатрешни работи, од страна на  вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди бил извршен  преглед врз А.М. и работната просторија- стражарската куќарка, при што од прегледот во работната просторија, на работната маса била затекната метална лажица во која имало бела прашкаста материја, хартиена салфетка во која имало бела прашкаста материја и мало пластично шише со нн течност, со импровизирана цевка од банкнота од 10 денари, затворено со алуминиумска фолија на отворот на шишето, на која имало остатоци од нн материја.

Од страна на вработени од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди А.М. бил известен за потребата од испитување за присуство на матаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје. Од страна на доктор на Итна медицинска помош Охрид било утврдено дека А.М. е во добра општа состојба и може да патува во Скопје, но истиот одбил да соработува со вработените на Одделот и да се подложи на испитување.

Против А.М. од страна на  Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди веќе е покрената дисциплинска постапка и задолжителна  мерка за отстранување  од работното место- суспензија од работното место.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара

06/10/2026
Македонија

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија

06/10/2026
Македонија

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет

05/10/2026
Македонија

ДО ЧЕТВРТОК ЌЕ БИДЕ СОНЧЕВО Потоа пристигнува дожд и облачен

05/10/2026
Македонија

КОЈ ТВРДИ ДЕКА НЕМА ЗАКАНА НЕКА ЈА ОТВОРИ ПРЕГОВАРАЧКАТА РАМКА

05/10/2026
Македонија

СПОРОТ СО БУГАРИЈА НЕ Е САМО БИЛАТЕРАЛЕН Европските документи налагаат

05/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА ДА НЕ ОСТАНАТ САМИ НА МАСАТА Стојаноски

05/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ И ПЕТРОВА ЌЕ СЕ СРЕТНАТ В ЧЕТВРТОК ВО СОФИЈА

05/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45997
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАЖ ПРЕГАЗЕН И ОСТАВЕН МРТОВ НА АВТОПАТ Полицијата го бара возачот кој побегнал од местото

06/10/2026

Маж на неодредена возраст вчера е пронајден мртов покрај коловозот на автопат, откако, според првичните информации, бил прегазен од возило

ПРОИЗВОДСТВОТО НА ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП ВО СВЕТОТ БИЛО ОДЛОЖЕНО Македонија очекува месецев да набави вакцини

06/10/2026

Министерството за здравство вложува напори вакцините против сезонски грип да бидат што побрзо обезбедени, за вакцинацијата на ранливите категории граѓани

ПЕНЗИСКИОТ ДЕФИЦИТ ЌЕ РАСТЕ, ФАЛАТ 500 МИЛИОНИ ЕВРА Фискалниот совет предлага стапката на придонесот постепено

05/10/2026

Пензискиот систем во земјава се соочува со растечки дефицит, а за исплата на пензиите веќе недостигаат околу 500 милиони евра,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy