НАСИЛСТВОТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПРЕДМЕТ НА ПАРТИСКИ ПРЕПУКУВАЊА Владата предупредува дека тоа е против интересите на жртвите
Заштитата на жртвите е приоритет, насилството не смее да биде предмет на партиски препукувања, порача Владата во соопштение.
„Владата веќе работи на подобрување на постојните решенија, а надлежните институции преземаат мерки во рамките на своите надлежности. Во таа работа е важен придонесот на стручната јавност и на организациите што секојдневно работат со жртвите“ – се вели во соопштението.
Владата воедно потсетува дека на вака чувствителна тема јавната дебата треба да се води со особена одговорност.
„Препознатливите партиски пораки во дебатата за насилството ја отежнуваат соработката што им е потребна на жртвите, а политичкиот наратив го одвлекува вниманието од прашањето што треба да биде во средиштето на вниманието, а тоа е заштита на жртвите“ – се вели во соопштението.
.
Извор: plusinfo.mk