Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе
Македонија

Прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе

03/04/2023

AA

Потврден е прв случај на морбили кај 13 месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова директор на Центарот за јавно здравје-Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати денеска од страна на Институтот за јавно здравје, кои потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на осипот е испратен примерок од крв во Скопје, а резултатот е пристигнат денеска.

– Сметам дека нема место за паника за здравствениот персонал од Детско одделение, кој бил во контакт со 13 месечното дете. На целиот персонал, кој е вакциниран со две дози со вакцината МПР направени се анализи, а кај тројца кој немаат антитела денеска веќе им извршена имунизација. Детето од Детско одделение беше примено на Инфективното одделение, кое беше изолирани и преземени се сите мерки, вели Димитрова.

Посочува дека случајот го следи, а воедно презема и мерки и епидемиологот од Свети Николе. 13 месечното дете има поголемо братче, кое ги има примено двете дози на вакцина против морбили. Се бараат сите контакти и од каде детето се заразило со морбили.

МИА пред три месеци пренесе дека лекарите алармираат оти се заканува епидемија од морбили или меѓу народот позната како ситни сипаници. Тогаш предупредија дека до епидемија ќе дојде поради понискиот процент на вакцинирани деца, во споредба од пред три години, кога и беше прогласена епидемија со мали сипаници. Се очекува утре да се состане и Комисијата за заразни болести, за мерки, да се спречи ширењето на овој вирус.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
Македонија

Ренџерите на Пелистер и СВР Битола лоцираа и приведоа вооружени

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45036
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал на медицинарите

15/08/2026

Педесет и петгодишен жител на селото Уларци, општина Чешиново-Облешево, е пријавен во полиција откако, според пријавеното, злоупотребил повик до Итната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy