Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерство за правда со реакција за одлуката на Апелација: Зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности?
Македонија

Министерство за правда со реакција за одлуката на Апелација: Зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности?

03/04/2023

AA

Очигледно е дека намерните или ненамерните пропусти за суштествени повреди и натаму остануваат дозволива пракса за некои судиим оцени денеска Министерството за правда во својата реакција за укинатата пресуда за организаторите на случувањата на 27 април.

– Затоа, неопходно е веднаш да се добие соодветен одговор, зошто ова се дозволува во континуитет, односно зошто во првостепената пресуда не биле утврдени сите спорни околности, ниту битни факти поврзани со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, се наведува во соопштението.

Министерството, како што истакнува, со најдобра намера го повикува Судскиот совет веднаш да реагира и да преземе мерки за утврдување на околностите врз основа на кои е донесена пресудата, да се поведе постапка вклучувајќи ја и дисциплинска ако се утврди дека некои свесно или несвесно со своите постапки дозволиле довербата во правосудниот систем да падне на најниско ниво.

Реакцијата на Министерството следи откако Апелациониот суд Скопје денеска ги уважи жалбите на обвинетите и ја укина првостепената пресуда, а предметот „Организатори на 27 април“ го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Судот ја укина првостепената пресуда со која на вкупно 25 години затвор беа осудени организаторите на „крвавиот четврток“, спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Предметот е вратен на повторно судење.

Во образложението на одлуката скопска Апелација наведува дека Основниот кривичен суд требало во поголема мера да го разгледа прашањето за одредбите кои се однесуваат за амнестија на кривичното гонење.

– Поради големиот интерес и транспарентност во работењето, Судискиот совет на Апелациониот суд Скопје информира дека при разгледување на првостепената пресуда оцени дека при постапувањето по овој кривичен предмет сторени се суштествени повреди на одредбите на кривичната постапка од член 415 став 1 точка 11 и став 3 од Законот за кривичната постапка, кои придонеле првостепениот суд да не биде во можност правилно да го примени материјалното право – Кривичниот законик, се наведува во соопштението од Апелациониот суд.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени

03/10/2026
Македонија

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави

03/10/2026
Македонија

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА

03/10/2026
Македонија

ВКУПНО 71 ЗАБОЛЕН ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Прв случај регистриран во

03/10/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ОЦЕНЕТИ КАКО ИМПРЕСИВНИ, А МАКЕДОНИЈА ДОБИВА 140 МИЛИОНИ ЕВРА

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗА 2 ГОДИНИ ПО АТЕНТАТОТ ВРЗ ГЛИГОРОВ МИСТЕРИОЗНО ЗАГИНУВААТ 8

03/10/2026
Македонија

ЗОШТО ДЕНЕСКА МАЛКУ СЕ ЗБОРУВА ЗА БЛЕДСКИОТ ДОГОВОР? Мицкоски во

03/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45964
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗИМАТА СЕ ИЗМЕША СО ЛЕТОТО ВО ОКТОМВРИ До четврток студени утра, а деновите со летни

03/10/2026

Ведро и студено утро, а во текот на денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб ветер од северен правец. 

КАЗНИ И ЗА МОТОЦИКЛИСТИТЕ КОИ НЕ НОСАТ КАЦИГА Тошковски најави дека оваа новина ќе се

03/10/2026

Возачите на мотоцикли што управуваат без заштитна кацига наскоро ќе бидат автоматски детектирани и казнувани преку системот „Безбеден град“. Оваа

ГОРЕШЕ ТЕКСТИЛЕН ОТПАД ВО БЛИЗИНА НА ПЛАТО ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД ВО ПРИЛЕП Се претпоставува

03/10/2026

Под контрола е ставен пожарот кој избувнал околу 15 часот крај железничката пруга на периферијата од Прилеп. Како што информираат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy