Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Продолжија ракетните напади врз јужниот дел на Израел – Газа целосно без струја
Македонија

Продолжија ракетните напади врз јужниот дел на Израел – Газа целосно без струја

11/10/2023

AA

Ракетните напади од Појасот Газа врз јужниот дел на Израел продолжија и денеска по неколкучасовно затишје.

Регистриран е најмалку еден директен удар во зграда во станбена населба во градот Сдерот. Итната помош соопшти дека во тие напади едно лице е полесно повредено, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според израелската армија, палестинската милитантна група Хамас истрелала повеќе од 5.000 ракети од саботата, кога го започна нападот врз Израел.

Снабдувањето со електрична енергија во Газа ќе биде целосно прекинато во следните неколку часа, што ќе ја ограничи можноста за обезбедување основни услуги, соопшти денеска владата на палестинската енклава под контрола на Хамас. Во соопштението се наведува дека сите основни услуги во Газа зависат од струја, а генераторите нема да можат да работат поради спречување на протокот на гориво преку граничниот премин Рафах со Египет, јави Си-Ен-ЕН.

Израелскиот министер за одбрана Јоав Галан во понеделникот нареди „целосна опсада“ на Газа, нагласувајќи дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија, храна, вода и гориво во палестинската енклава по нападот на Хамас.

Илјадници Палестинци во градовите ширум окупираниот Западен Брег денеска организираа демонстрации поради израелските удари врз Појасот Газа, а во судирите со израелските сили што следеа, некои беа повредени, јавија палестински медиуми.

Демонстрантите носеа палестински знамиња и слики од жртвите убиени во Газа. Според извештајот, десетици илјади луѓе учествуваат на масовни протести во Рамала, Џенин, Калкилија, Тулкарм, Хеброн, Тубас, Наблус, Ерихон, Каландија, Шуфат….

Според палестински медиуми, имало судири меѓу десетици демонстранти и израелските сили на многу места, но и на воени контролни пунктови на Западниот Брег, каде што многу Палестинци биле повредени со истрели од огнено оружје и солзавец. Израел подигна беспилотни летала во воздушниот простор на Западниот брег и испрати стотици свои војници на контролни пунктови и конфликтни области.

САД разговараат со Израел и Египет за воспоставување коридор за евакуација на цивили од Појасот Газа, во време кога израелската армија врши напади врз палестинската енклава, по нападот на Хамас во текот на викендот, изјави американскиот советник за Националната безбедност, Џејк Саливан.

„Фокусирани сме на тоа прашање, консултациите се во тек. За тоа се разговара подетално меѓу оперативните агенции и не сакам да го објавам премногу јавно во овој момент“, изјави Саливан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски ги информирал партнерите во НАТО: Со протекување на дипломатска

23/06/2026
Македонија

ПО ПОДОЛГ ПЕРИОД: Скопскиот затвор ја зајакнува безбедноста со четири

23/06/2026
Македонија

Јаневска: Земјоделското училиште во Битола остана со само три запишани

23/06/2026
Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница,

23/06/2026
Македонија

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон

23/06/2026
Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

23/06/2026
Македонија

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026
Македонија

Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Повеќе пари за капитални

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy