Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пред 11 дена промовираа дека ќе работи 24 часа, а денеска библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје остана без струја поради неплатени сметки
Македонија

Пред 11 дена промовираа дека ќе работи 24 часа, а денеска библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје остана без струја поради неплатени сметки

24/01/2024

AA

Пред 11 дена се пофалија дека се враќа 24 часовното работење на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, а од денеска истата е без струја поради неплатени сметки.

Објектите на оваа установа која е под надлежност на Град Скопје се исклучени од ЕВН бидејќи имаат неплатени сметки, пишува СДК.

Директорката на библиотеката Снежана Стојчевска вели дека проблемот е настанат бидејќи не се префрлени пари од Град Скопје.

„Ова е третпат во мојот мандат од април 2022 година да бидеме исклучени од струја за две неплатени сметки. Како јавна установа, средствата за режиски трошоци ги добиваме од Град Скопје, кои што веднаш беа запознаени со проблемот и ветија брзо решавање“, вели Стојчевска.

Директорката вели дека утре проблемот ќе биде решен и установата повторно ќе добие струја.

Од Град Скопје на 13-ти месецов информираа дека работното време на читалната во градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ќе биде 24 часа.

УСС УКИМ неколку месеци наназад бараше од институциите враќање на 24-часовното работно време на библиотеката „Браќа Миладиновци“, кое беше редуцирано поради пандемијата со Ковид-19. Тие организираа и онлајн петиција која беше потпишана од преку 1.500 луѓе.

„Со почитување на заштитните мерки од корона вирусот, односно носење маска, одржување дистанца и редовна дезинфекција на рацете, се штитиме од корона вирусот во било кој час од денот. Затоа, да ги обединиме нашите сили и да притиснеме за отворање на читалните во било кој час од денот“, стоеше во петицијата.

Од Градската библиотека одговараа дека чекаат одлуки од здравствената комисија за да се врати полното работно време.

Досегашното, редуцирано работно време на библиотеката беше од 08-20 часот од понеделник и петок, а во сабота 07-15 часот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy