Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОРАНЕШЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ ПРИВЕДЕН СО РАМКА ОД ПИШТОЛ Возел „мерцедес“ регистриран на фирмата на Митовски од Инфомакс
Македонија

ПОРАНЕШЕН ОБЕЗБЕДУВАЧ ПРИВЕДЕН СО РАМКА ОД ПИШТОЛ Возел „мерцедес“ регистриран на фирмата на Митовски од Инфомакс

30/12/2025

AA

Попладнево во Скопје полициски службеници отстраниле од сообраќај возило од марката Мерцедес кое било управувано од страна на лицето Ниневски Н. поранешен припадник на шестата управа во МВР – објави Радио Лидер, повикувајќи се на извори во полицијата.

Возилото било регистрирано на име на компанијата на Александар Митовски, главен уредник на порталот Инфомакс.мк.

– Кај возачот беше пронајдена рамка од пиштол, по што тој е приведен во полициската станица БЕКО каде што дава исказ до доцна вечерва. – брифираат за Радио Лидер извори од полицијата.

Како што дознава Радио Лидер, возачот на автомобилот на Митовски е поранешен припадник на шестата управа при МВР, кој бил обезбедување и на поранешниот американски амбасадор во земјава Џес Бејли. По пензионрањето, тој работел за градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, а бил во блиски семејни односи со сопственикот на Инфомакс.

Настанот се случил по денешното судење за случајот во кој лице насилно упадна во редакцијата на Инфомакс за време на подкаст во живо.

– Денес имавме рочиште за напаѓачот врз „Инфомакс”, бевме сите таму, истиот беше осуден. Тенденцијата против нас е јасна, друго немам што да искоментирам – изјави Митовски за Радио Лидер.

Во судскиот процес, Судот оцени дека со инцидентот била загрозена безбедноста на новинарите и правото на јавноста да биде информирана, но изрече условна казна поради здравствената состојба на обвинетиот.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почна уписот во средните училишта за 2026/2027 – најмногу места

12/06/2026
Македонија

Жестока реакција: Јавнообвинителската служба алармира дека новиот закон е пропуштена

12/06/2026
Македонија

Собранието го помина во прво читање законот за заштита од

12/06/2026
Македонија

Владата предлага нов Закон за оружјето: ограничување на бројот на

12/06/2026
Македонија

Перински: Со автоматизирана база општините нема да губат по 100

12/06/2026
Македонија

Приведени четири лица од Турција во Скопје поради нерегулиран престој

12/06/2026
Македонија

Доктор Чибишев за пронајдениот отров Ланате во парк во Скопје:

12/06/2026
Македонија

ПЕРИНСКИ ЗА 4ТВ: Општините губат до 100 милиони евра годишно

11/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43726
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почна уписот во средните училишта за 2026/2027 – најмногу места во стручното образование

12/06/2026

Започна првиот уписен рок Денеска започна првиот уписен рок за запишување ученици во прва година средно образование за учебната 2026/2027

Жестока реакција: Јавнообвинителската служба алармира дека новиот закон е пропуштена можност за вистински реформи

12/06/2026

Вработените во јавнообвинителската служба при сите обвинителства во државата излегоа со заедничко сериозно предупредување во пресрет на донесувањето на новата

Собранието го помина во прво читање законот за заштита од тутун и нови никотински производи

12/06/2026

Во Собранието на Република Македонија вчера во прво читање помина Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy