Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАСОВНА ТЕПАЧКА МЕЃУ МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ ВО ПЕРУЏА, ИТАЛИЈА Летале столици, маси, дрвани палки, 11 уапсени
Македонија

МАСОВНА ТЕПАЧКА МЕЃУ МАКЕДОНЦИ И АЛБАНЦИ ВО ПЕРУЏА, ИТАЛИЈА Летале столици, маси, дрвани палки, 11 уапсени

30/12/2025

AA

Брутална пресметка меѓу две групи иселеници, Македонци и Албанци, ја вознемири јавноста во италијанскиот град Перуџа. Инцидентот започнал во бар во областа Сан Систо, а завршил со вистински хаос на улиците, неколкумина повредени и 11 уапсени лица.

Според првичните сознанија од истрагата, конфликтот не бил однапред планиран, туку ескалирал поради банална причина – фотографија направена со мобилен телефон. Вербалната расправија меѓу младите лица брзо прераснала во масовна тепачка, во која биле користени столици, маси, како и дрвени палки долги над 60 сантиметри. Во инцидентот биле вклучени и неколку романски државјани.

Ситуацијата дополнително се влошила кога двајца од учесниците, обидувајќи се да побегнат со автомобил, удриле 27-годишен македонски државјанин, кој се здобил со тешки фрактури на двете нозе. Повредениот е хоспитализиран во болница во Перуџа, а лекарите најавуваат период на лекување од најмалку 30 дена.

Полицијата сè уште трага по возачот и неговите сопатници, меѓу кои има и еден малолетник.

По пријава на итниот број 112, на местото на настанот интервенирале голем број припадници на карабиниерите и италијанската полиција. Уапсените лица се на возраст од 19 до 31 година, а дел од нив, според информациите, веќе биле познати на органите на редот, објави РАИ Њуз.

При извршените претреси, кај еден од приведените била пронајдена дрога, додека друг се обидел да ги сокрие клучевите од автомобилот во саксија, со цел да ја избегне заплената на возилото. Сите уапсени се префрлени во затворот „Капане“ и ќе одговараат за кривично дело тешко насилство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Corriere dell’Umbria (@corrieredellumbria)

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
Македонија

Не отворајте порака од државниот ревизор: хакери нудат лажни „проекти“

31/07/2026
Македонија

Жештините продолжуваат: Температурите над 40 степени во делови од земјава

31/07/2026
Македонија

Стан во Центар продаден за 168.000 евра: Расте активноста на

31/07/2026
Македонија

Анализите на водата кај Лепенец не покажале надминување на дозволените

31/07/2026
Македонија

Забрана за користење вода за пиење од шест водоснабдителни објекти

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026

Владата на денешната седница донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на Македонија, поради зголемениот ризик од пожари

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема најава за укинување на вториот пензиски столб. „Кој најавил дека ќе се укине

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360 евра

31/07/2026

Пазарот на недвижности во Македонија продолжува со засилена активност. Во вториот квартал од 2026 година е забележан раст и на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy