Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на Ромите
Македонија

Почина Рамуш Муарем, новинар и гласен борец за правата на Ромите

04/05/2026

AA

Почина Рамуш Муарем – Цирко, познат македонски новинар, уредник, актер и долгогодишен активист за правата на Ромите, на 64-годишна возраст. Веста за неговата смрт брзо се прошири на социјалните мрежи, каде бројни колеги, пријатели и граѓани се простуваат од него со емотивни пораки.

Муарем подолг период се борел со болест, оставајќи зад себе значаен белег во медиумскиот и општествениот живот во земјата.

Информацијата за неговата смрт ја сподели и Габриел Бајрам, син на поранешниот политичар Амди Бајрам, кој се прости со трогателни зборови.

„Се збогувам со тебе, драг Цирко. Беше вреден и прекрасен човек. Енергијата која ја носеше со себе и ја ширеше меѓу луѓето даваше надеж дека нештата не се така темни“, напиша Бајрам.

Цирко беше најпознат по култната емисија Циркотека, која се емитуваше на ТВ БТР и стекна голема популарност кај публиката. Емисијата остана препознатлива по автентичниот хумор, спонтаните моменти и сцените кои и денес често се споделуваат на социјалните мрежи.

Покрај телевизиската кариера, Рамуш Муарем беше препознаен и како гласен борец за правата на ромската заедница – човек кој преку својата работа и јавни настапи настојуваше да гради мостови меѓу луѓето и да придонесе за поголема еднаквост и разбирање.

Неговото заминување претставува загуба за македонското новинарство и јавната сцена, особено меѓу ромската заедница, додека спомените за неговата енергија, хумор и посветеност ќе продолжат да живеат меѓу генерациите што го следеа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy