Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на граѓанинот до дигиталната држава
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на граѓанинот до дигиталната држава

28/10/2026

AA

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните.

На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски ја претстави апликацијата и во живо ги демонстрираше нејзините први функционалности.

– Кога почнавме со дигиталната трансформација, целта не беше да креираме уште апликации, портали и регистри. Прашањето беше многу поедноставно – како да ја направиме државата попристапна за граѓаните. Предолго државата за многу луѓе беше шалтер, работно време, документ што недостига и податок што државата веќе го има, но повторно бара од граѓанинот да ѝ го донесе. Со м.Услуги почнуваме да го менуваме токму тој однос – истакна Андоновски.

Министерот потсети дека идејата за м.Услуги започнала во 2024 година, по неговото учество на Diia Summit во Цирих и запознавањето со украинскиот модел Diia. Концептот потоа беше развиен како дел од европскиот проект GovTech4All, преку програмата Digital Europe.

Апликацијата м.Услуги е замислена како единствен мобилен пристап до дигиталната држава – со дигитален идентитет, електронски документи, јавни услуги и известувања на едно место, а во следните фази и со интегрирани плаќања.

Апликацијата е бесплатна и нејзиното користење е целосно доброволно. Таа претставува дополнителен, побрз и поедноставен канал за пристап до јавните услуги и до електронските документи, без да ги укинува останатите начини на кои граѓаните можат да комуницираат со институциите. Целта е секој граѓанин кој сака да ги користи придобивките од дигиталните услуги да може тоа да го направи едноставно и без дополнителен трошок.

  • СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен документ на мобилен телефон и пристап до јавни услуги

За време на презентацијата Андоновски во живо ја активираше апликацијата и ја додаде својата електронска лична карта во дигиталниот паричник.

– Ова не е фотографија од личната карта, ниту PDF документ. Ова е електронска верзија на документот во мобилниот телефон – објасни министерот.

Една од функционалностите што беше демонстрирана е можноста за селективно споделување податоци. Наместо корисникот да го покажува целиот документ кога треба само да ја потврди својата возраст, апликацијата овозможува да се сподели само потребната информација.

– Ако единственото прашање е дали едно лице е полнолетно, нема потреба да се споделуваат адресата, бројот на документот и сите останати лични податоци. Современиот дигитален идентитет значи да се сподели само оној податок што е потребен – рече Андоновски.

Покрај дигиталните документи, преку м.Услуги граѓаните добиваат и мобилен пристап до првите електронски услуги.

Министерот нагласи дека целта не е постојните административни постапки само да се префрлат од шалтер на мобилен телефон, туку тие суштински да се поедноставуваат.

– Ако една постапка денес има 7 непотребни чекори, успехот не е да направиме 7 дигитални чекори. Треба да утврдиме кои од нив можат целосно да исчезнат, кои податоци државата веќе ги има и што институциите можат безбедно да разменуваат меѓу себе. Тоа е вистинската дигитализација – истакна Андоновски.

Тој потенцираше дека м.Услуги е почеток, а не завршен производ, и дека апликацијата континуирано ќе се надградува.

Во следните фази е предвидено воведување на интегрирани плаќања, можност за користење фотографија во постапките каде што тоа е потребно, нови електронски документи како изводи, уверенија и дипломи, како и значително проширување на бројот на достапни услуги.

– Нема прво да дигитализираме што е најлесно за администрацијата. Ќе дигитализираме што им е најпотребно на граѓаните – порача министерот.

Андоновски упати и повик до институциите активно да се вклучат со нови услуги и поврзување на системите, а до медиумите и граѓаните да ја тестираат апликацијата, да укажуваат на недостатоците и да предлагаат подобрувања.

– Од денес кругот на луѓе кои ќе ја развиваат м.Услуги станува многу поголем. Институциите нека додаваат услуги и предлагаат подобрувања. Медиумите нека ја тестираат, нека нè проверуваат и нека нè критикуваат кога нешто не функционира. Граѓаните нека ја користат, нека ни кажат што им недостига и нека ни помогнат да ја направиме подобра. И, се надевам, нека уживаат во неа кога ќе им заштеди време, нерви и непотребно одење по институции – истакна Андоновски.

Тој се заблагодари на тимот на Министерството за дигитална трансформација, развојните и партнерските тимови, институциите вклучени во интеграцијата на системите, тест-корисниците, како и на меѓународните партнери кои го споделија своето искуство во развојот на дигиталните државни услуги.

Министерот Андоновски упати посебна благодарност до Министерството за внатрешни работи и министерот Панче Тошковски за соработката и поддршката во поврзувањето на системите и овозможувањето на првите електронски документи.

– Овој проект покажува дека дигиталната држава може да функционира само кога институциите работат заедно, ги поврзуваат своите регистри и ја ставаат услугата за граѓанинот пред институционалните граници – истакна Андоновски.

Благодарност беше упатена и до Европската Унија, која преку програмата Digital Europe, финансиски го поддржа проектот, како и до претседателот на Владата Христијан Мицкоски за поддршката во реализацијата.

Според Андоновски, успехот на апликацијата нема да се мери само според бројот на преземања, туку пред сè според времето што ќе им биде заштедено на граѓаните, бројот на непотребни административни чекори што ќе бидат отстранети и бројот на услуги што ќе можат целосно да се завршат дигитално.

– Дигиталната трансформација не е успешна затоа што администрацијата користи технологија. Успешна е кога граѓанинот чувствува дека државата му станала поедноставна. М.Услуги денес не е крајот на тој процес. Ова е почетокот. Од денес почнуваме да го менуваме она што граѓанинот треба да го очекува од својата држава – држава што е поблиску, поедноставна и подостапна – порача министерот Андоновски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46410
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не

28/10/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник на

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ Повторно приведена зашто наплаќала влезници

28/10/2026

Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица. Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41)

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ ЧУВААТ ДОМОВИТЕ Јаневска понуди ваучерски

28/10/2026

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е уверена дека наскоро ќе се најде решение за студентскиот оброк. Продолжуваат разговорите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy