Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ ЗЕБРЊАК?! Говор на омраза на човекот којшто се претставува како лидер на Македонски концепт
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ ЗЕБРЊАК?! Говор на омраза на човекот којшто се претставува како лидер на Македонски концепт

28/10/2026

AA

Лидерот на Македонски концепт Петар Богојески повторно ја разбранува јавноста со жестока националистичка реторика, овојпат насочена кон Србите и кон споменикот Зебрњак кај Куманово. Во преписка на социјалните мрежи, во која се бара споменикот да биде разнесен со динамит, Богојески напишал: „Македонски концепт планира да минира“!

Повод за преписката е објава на инфлуенсерот Блаже Аризанов. Тој напишал дека како Македонец не го интересира кој победил на изборите во Србија, туку кога ќе биде разнесен споменикот на Зебрњак „со динамит“. На тоа се надоврзал Богојески со тврдењето дека неговиот Македонски концепт „планира да минира“, по што Аризанов одговорил дека доброволно би го „стиснал копчето“.

Зебрњак е спомен-костурница на ридот Зебрњак кај Старо Нагоричане, североисточно од Куманово, подигната во 1937 година во спомен на загинатите српски војници во Кумановската битка од 23 и 24 октомври 1912 година, во која српската војска ја поразила османлиската Вардарска армија. Споменикот првично имал висока кула, но таа била урната за време на бугарската окупација во Втората светска војна и никогаш не била обновена. Во костурницата се чуваат посмртните останки на загинати војници, а местото и денес е центар на српските комеморации за Кумановската битка.

Од Зебрњак до „четниците“

Инцидентот не доаѓа изолирано. Ден претходно Богојески жестоко реагираше на чествувањето на Кумановската битка кај Зебрњак. Македонски концепт оцени дека чествувањето претставува величање на српската победа во 1912 година и на воспоставувањето на српската власт во Вардарска Македонија.

Во расправијата со вицепремиерот Иван Стоилковиќ, Богојески најави и кривична пријава против него за ширење национална омраза и навреди. Стоилковиќ претходно, коментирајќи ги нападите врз чествувањето, напиша дека по изборните резултати во Србија, „Бугарите веднаш се во офанзива“. Богојески возврати дека со тоа Македонците биле претставувани како Бугари.

Политичката пресметка околу Зебрњак во меѓувреме очигледно излезе од рамките на расправата за различните толкувања на историјата. Едно е да се оспорува значењето на споменикот и начинот на кој се одбележува Кумановската битка, а сосема друго јавно да се зборува за негово „минирање“.

Ова не му е прв судир со обвинувања за говор на омраза

Без оглед дали во случајов станува збор за буквална закана, за провокација или за бизарен обид за хумор, јавна комуникација за минирање споменик и за доброволци што би го активирале експлозивот тешко може да се вклопи во нормална политичка дебата. Особено кога во неа учествува лидер на политичка партија.

За Богојески ова не е прв случај неговиот речник на социјалните мрежи да предизвика реакции поради навредлив, дискриминаторски или национално обоен говор. Мрежата за заштита од дискриминација во 2025 година јавно побара да биде повлечено неговото именување за директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, наведувајќи повеќе негови претходни изјави кои ги оцени како вознемирувачки говор, навреди, говор на омраза и поттикнување дискриминација, нетолеранција или насилство.

Во август 2024 година коалицијата Вреди поднесе и кривична пријава против Богојески до Основното јавно обвинителство, обвинувајќи го за ширење говор на омраза на Фејсбук. Уште во 2021 година повеќе граѓански организации го пријавија во МВР поради, како што наведоа, расистички и ксенофобични објави и предизвикување национална, расна и верска омраза и нетрпеливост.

Особено необично звучи што самиот Богојески уште во 2021 година, на панел посветен токму на говорот на омраза во политиката, зборуваше за користењето таква реторика како своевиден политички „експеримент”. Тој тогаш објаснуваше дека Македонски концепт намерно употребувал говор на омраза „во блага мера” за да покаже дека таквата комуникација носи политичка популарност.

Последната преписка за Зебрњак затоа отвора прашање каде завршува политичката провокација, а каде почнува говорот што може да се разбере како поттикнување насилство. Засега нема информација дека надлежните институции реагирале на овие објави.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од

28/10/2026
Македонија

ПЕТАР БОГОЈЕСКИ ЌЕ ЛОВЕЛ „ЧЕТНИЦИ“ И ЌЕ ГО МИНИРАЛ СПОМЕНИКОТ

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67

28/10/2026
Македонија

Јахији повикува на обединување пред вториот круг во Брвеница: „Трката

28/10/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА Е НОВ ШЕФ НА ОЈО ГОКК Неофицијално

28/10/2026
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46415
  • Регион 3999
  • Свет 18
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО ЖИВО: Избори во Израел – преброени се 93% од гласовите, еве ја досегашната распределба

28/10/2026

Прелиминарните податоци укажуваат на тесна трка за формирање влада, додека арапските партии би можеле да одиграат клучна улога во создавањето

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ДОБИ ДОВЕРБАТА НА ОБВИНИТЕЛИТЕ Освоила 67 гласа во трката за шефица

28/10/2026

Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, потврдуваат за

Јахији повикува на обединување пред вториот круг во Брвеница: „Трката меѓу АКИ и ВЛЕН заврши!“

28/10/2026

Кандидатот на Националната алијанса за интеграција (НАИ), Аркин Јахији, упати порака за обединување пред вториот круг од локалните избори во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy