Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не дозволат некој да ги дели по етничка линија
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им порача на жителите да не дозволат некој да ги дели по етничка линија

28/10/2026

AA

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека на вториот круг од вонредните локални избори за градоначалник на Брвеница во недела очекува поддршка за нивниот кандидат, без да посочи дали има некаков меѓупартиски договор.

Противкандидати на неделните избори во Брвеница се Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Аркин Јахиј од ДУИ.

– Јас очекувам поддршка од граѓаните на Брвеница без разлика на етничката припадност и на партиската припадност или неприпадност. Јас бев таму. Бев во четири населени места и повторно оваа недела ќе појдам. Бевме во Теново, бевме во Радиовце, во Седларце, бевме и во Брвеница. Разговарав со жителите на Брвеница од различна етничка припадност. Мојата порака кон нив е следна: дека тие ќе продолжат да живеат еден до друг и после 1 ноември и после недела. Ќе дојдат политичари кои што ќе ги делат по етничка припадност најчесто – рече Мицкоски.

Тоа се очајници, додаде, кои што на овој начин се трудат она малку што остана од нивната политичка иднина да ја спасат.

– Но, не заборавајте дека тие ќе си заминат, нема очи да им видите, а вие ќе останете и понатаму едни до други – Македонци и Албанци. И немојте никогаш да гласате затоа што некој од политичарите ви вели: „Гласајте за овој затоа што е етнички припадник на таа заедница или на другата“, туку гласајте онака како што ви вели разумот и срцето. Гласајте за оној кои што ќе ви донесат подобри времиња за вас и вашето семејство. Оставете нè нас политичарите – рече Мицкоски.

Тој им порача на жителите на Брвеница да гласаат за оние за кои што мислат дека ќе изработат повеќе проекти за нив.

– Немојте да ги спасувате изгубените и удавени политичари кои што ги гледаме 20 години што направија на политичката сцена во Македонија. На 2 ноември ќе заборават сè што ви ветиле – рече Мицкоски.

Повторно ние како Влада, додаде премиерот, ќе се вратиме на 2 ноември и ќе го правиме патот од Стенче до Гургурница, ќе ја правиме градинката во Челопек, ќе го правиме училиштето во Седларци и стадионот во Радиовце.

– Немојте да дозволите да ве делат – рече Мицкоски и повтори дека очекува поддршка од жителите на општината Брвеница.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА ПОДДРШКА ЗА КАНДИДАТОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА БРВЕНИЦА Им

28/10/2026
Македонија

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ

28/10/2026
Македонија

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата

28/10/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ

28/10/2026
Македонија

СО АПЛИКАЦИЈАТА М.УСЛУГИ ДО ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ И ПОГОЛЕМА ЕФИКАСНОСТ Личен

28/10/2026
Македонија

УАПСЕНИ ЧЕТВОРИЦА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ Тројца се

28/10/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ПРИЈАВИ АНОНИМНО И

28/10/2026
Македонија

ОТКАЖЕТЕ ГО ТЕРМИНОТ АКО НЕ ПЛАНИРАТЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРАТЕ ПРОТИВ

28/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46410
  • Регион 3999
  • Свет 17
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТОЈНА ОД КУКЛИЦА Е БЕСТРАШНА ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА И ПРЕД СУДОТ Повторно приведена зашто наплаќала влезници

28/10/2026

Полицијата вчера повторно ја привела Стојна Димитровска Боотх, жената која наплаќаше влез во локалилетот Куклица. Како што наведува полицијата, С.Д.Б.(41)

🎥 ЈАВНИТЕ УСЛУГИ И ДОКУМЕНТИ ДИРЕКТНО ВО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН Апликацијата м.Услуги нуди едноставен пристап на

28/10/2026

Министерството за дигитална трансформација денеска официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските

СТУДЕНТИТЕ ДА НЕ СЕ КАЧУВААТ ПО РАДИЈАТОРИ И ДА ГИ ЧУВААТ ДОМОВИТЕ Јаневска понуди ваучерски

28/10/2026

Министерката за образование и наука Весна Јаневска е уверена дека наскоро ќе се најде решение за студентскиот оброк. Продолжуваат разговорите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy