Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пешевски пред протестот за Први мај: Додека работниците бараат храна по контејнери, газдите возат „порше“ и „панамера“ на нивен грб!
Македонија

Пешевски пред протестот за Први мај: Додека работниците бараат храна по контејнери, газдите возат „порше“ и „панамера“ на нивен грб!

28/04/2026

AA

„Борбата за повисоки плати не е спринт, туку маратон. Не можеме да зборуваме за безбедност и квалитет, ако првиот услов – парите – е под секое достоинство,“ изјави Иван Пешевски во последното гостување во „Ноќно студио“ на 4TV. Синдикалниот лидер упати жестоки критики до Владата и работодавачите, најавувајќи масовен првомајски протест за плати од кои може да се преживее.

65.000 денари за опстанок, 1.000 евра за достоинствен живот

Пешевски ја соочи јавноста со суровата математика на синдикалната кошничка. Според него, со денешните цени во маркетите, на бензинските пумпи и сметките за струја, преживувањето под 65.000 денари е невозможно.

„Крадби на ангро“: Автопати од милиони и газди со луксузни возни паркови

Синдикалецот направи паралела меѓу поранешните системи и сегашниот хаос во градежништвото. Тој посочи дека цените на инфраструктурните проекти се вештачки напумпани, додека работниците остануваат со празни џебови.

„Порано километар асфалт чинеше милион марки, сега чини 30 милиони евра. Тука на ангро се крадат државата и работниците. Парите завршуваат во џебовите на функционерите и работодавачите кои возат ‘порше’ и ‘панамера’, а не кај оние што го градат патот,“ дециден е Пешевски.

Македонскиот работник не е непродуктивен, туку е гладен!

Пешевски ја отфрли тезата на работодавачите дека домашните работници не се продуктивни. Според него, продуктивноста е директно поврзана со платата и мотивираноста.

На улица за Први мај: Протестен марш од Работнички дом до Владата

Синдикатот на градежништво и Сојузот на синдикати (ССМ) го започнуваат својот протестен марш во петок, на 1-ви мај во 11 часот. Рутата е јасна: од Работнички дом, преку Собранието и Стопанската комора, до Владата.

„Не бараме плати предвреме, ги бараме затоа што инфлацијата веќе ни ги изеде. Додека цените на светските берзи паѓаат, кај нас сè поскапува. Нема веќе пружање рака за милостина, бараме достоинство,“ заклучи Пешевски во најавата за протестот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Српската демократска лига на

09/10/2026
Македонија

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИПЧЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СОФИЈА Инсистира на

09/10/2026
Македонија

ДУИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА МЛАДИ Внатрешна контрола

09/10/2026
Македонија

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО

09/10/2026
Македонија

ПОПРАВЕН Е ТОМОГРАФОТ НА РАДИОЛОГИЈА Ќе се работи во две

09/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46074
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВА ПАРТИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИТИЧКА СЦЕНА Српската демократска лига на Саша Богдановиќ ќе го одржи

09/10/2026

Поранешниот градоначалник на Центар од редовите на СДСМ, Саша Богдановиќ, се враќа на политичката сцена со нова партија, Српска демократска

БУГАРСКИОТ АМБАСАДОР ФИЛИПЧЕ РАБОТИ ЗА ИНТЕРЕСИТЕ НА СОФИЈА Инсистира на уставни промени, молчи за цар

09/10/2026

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Венко Филипче и натаму работи за бугарските интереси и молчи за коските на Цар Самуил, рече

ДУИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИЦИСКО НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА МЛАДИ Внатрешна контрола на МВР ги проверува наводите

09/10/2026

Министерството за внатрешни работи започна проверка по наводите дека две лица биле физички нападнати од полициски службеници во Скопје, при

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy