Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Осум часа по пожарот цело Скопје смрди на чад
Македонија

Осум часа по пожарот цело Скопје смрди на чад

04/05/2026

AA

Скопје и неколку часа по денешниот пожар во Шуто Оризари сè уште е под влијание на непријатна миризба што се шири во воздухот. Иако огнот е ставен под контрола уште напладне, граѓаните реагираат дека чадот и мирисот се чувствуваат и во вечерните часови.

Пожарот бил пријавен денеска околу 11:30 часот преку бројот 112, а се однесувал на запалена машина за мелење железо на улица 1675 број 24 во општина Шуто Оризари. На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со две противпожарни возила.

Според информациите од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје, во 12:03 часот било потврдено дека пожарот е ставен под контрола и нема опасност од негово понатамошно ширење. Како што информирал градоначалникот на Шуто Оризари, локацијата каде што избувнал пожарот е оградена со ѕидови, што дополнително помогнало во спречување на проширување на огнената стихија.

Сепак, и покрај брзата интервенција, до 20 часот граѓаните од различни делови на градот пријавуваат дека во воздухот сè уште се чувствува мирис на изгорено, што отвора прашања за квалитетот на воздухот и можните последици.

Надлежните институции засега немаат издадено дополнителни предупредувања, но се очекуваат повеќе информации во текот на вечерта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy