Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ослабениот Пелистер не издржа против домаќинот на третиот турнир во АБА (ФОТО)
Спорт

Ослабениот Пелистер не издржа против домаќинот на третиот турнир во АБА (ФОТО)

18/12/2023

AA

Екипата на Пелистер загуби во вечерашната пресметка против Широки Бријег (66-75), домаќинот на третиот турнир во АБА2-лигата, што беше четврти неуспех за битолчани во шестиот меч сезонава во регионалното натпреварување.

Битолчани одиграа мотивирано, во (по)голем дел од средбата беа во водство, но во финишот снемаа сили против силниот противник. Зелено-белите имаа и плус десет во втората четвртина (34-24), водеа и во поголем дел од третиот период, но потоа до израз дојде поголемото искуство и подолгата клупа на противникот. Серијата 10-1 во последните десет минути на Широки Б. му донесе водство 65-58, кое на крајот се покажа доволно за триумф и нови два бода.

Пелистер средбата ја одигра со девет кошаркари, меѓу кои забележливо беше отсуството на одличниот сезонава Лука Стојановски, додека Малком Бернард се повреди во третата четвртина, по што не можеше да даде се од себе. Мијовиќ и Магдевски со по 12 поени беа најпрецизни кај составот од Битола.

На турнирот во БиХ утре на терен ќе истрчаат кошаркарите на ТФТ против Сутјеска (18 часот), додека задутре ќе настапи МЗТ Скопје против Подгорица (15 часот).

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026
Македонија

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени

26/06/2026
Македонија

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026
Македонија

7 пожари низ Македонија, 2 уште активни!

26/06/2026
Македонија

ДИГУ ќе руши бесправен објект во старото јадро на Охрид

26/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Тврдењата на СКРМ за непостоење дијалог се

26/06/2026
Македонија

ФОТО Запалени двете возила на адвокатот Асмир Алиспахиќ

26/06/2026
Македонија

Ангелов: Движењето во шума не се забранува, само се воведува

26/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Превртен камион на патниот правец Прилеп–Градско

26/06/2026

Сообраќајот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, од 17:55 часот е во целосен прекин за сите видови возила. Прекинот,

Во Градскиот базен во Тетово воведени термини само за жени и девојки, од општината велат

26/06/2026

Градскиот покриен базен во Тетово, кој по завршувањето на учебната година ги отвори вратите за сите граѓани, воведе посебни термини

Исчезна Божа од скопско Орешани, последен пат видена кај Драчево!

26/06/2026

Божа Каракушева родена на 15.12.1949 (77 години) Исчезната е на ден 26.06.2026 год. околу 08:30 часот кога излегла од нејзиниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy