Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Државата заедно со бугарска компанија ќе организира онлајн обложување
Економија

Државата заедно со бугарска компанија ќе организира онлајн обложување

18/12/2023

AA

Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија на 14 декември ја извести бугарската берза дека ќе приредува онлајн обложување во Македонија преку потпишан договор со АД Државна лотарија за заедничко трговско друштво. Оваа информација е објавена на бугарската берза, додека од „Државната лотарија“ се уште нема информации во јавност на кои и на колку компании ќе им се овозможи приредување на игри на среќа од ваков тип.

„Ве известуваме дека компанијата 77 БИТС БСЦ ДОО Битола (друштво со ограничена одговорност), регистрирано според законодавството на Република Северна Македонија, во која „Телематик интерактивна Бугарија“ АД поседува 50 проценти од капиталот, доби тендер за добивање право на извршување онлајн обложувачка активност организирана од Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Во согласност со барањата на локалното законодавство, помеѓу 77 БИТС БСЦ ДОО Битола и Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, беше потпишан договор според кој двете страни ќе основаат трговско друштво, кое ќе врши онлајн обложувачки активности во Република Северна Македонија“, соопшти „Телематик“ во својата информација до берзата.

Единствено претходно што беше познато во јавноста како информација за оваа активност на државата, доаѓаше од Асоцијацијата на обложувалници, од каде сметаа дека ова право на приредување на онлајн обложување треба да им се даде и на нив „а не да се монополизира исклучиво за три странски компании“. Од она што беше познато, повикот на АД „Државна лотарија“ требало да заврши на 22 септември, а до крајот на октомври да биде отворањето на понудите, по што требаше да се изберат трите субјекти кои ќе го приредуваат ова интернет играње, за кое домашните обложувалници и натаму не им е јасно зошто не можат да го приредуваат и сметаат дека условите се однапред договорени со оние што ќе аплицираат.


Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија во октомври со бизнис одлука влезе во Македонија 
преку преземање на удели од веќе постоечка фирма во нашата земја. Станува збор за компанија чие собрание на акционери летото донесе одлука за распределба на дивиденда од остварената добивка од 11,55 милиони евра за 2022 година. За Телематик Интерактив Бугарија АД, како што е објавено на нивниот веб-сајт, пишува дека е носител на лиценцата на една од најголемите платформи за казино игри и спортски облози во Бугарија – Palms Bet и е сопственик на провајдерот на содржини за игри CT Interactive. Откако лани се трансформира во акционерско друштво, пазарната капитализација на операторот надминала 100 милиони евра, што го рангираше меѓу 20-те најголеми друштва на бугарската берза. Истата година акцијата на компанијата која оперира под марката Palms Bet беше една од најтргуваните на берзата.

Sazka Group со седиште во Чешка, водечки европски бизнис за коцкање, ја основа оваа подружница на бугарскиот пазар во 2012 година. Услугите за игри на компанијата се достапни и онлајн и преку мобилни уреди. Како што пишувале бугарските медиуми, се нуди широк спектар на услуги за коцкање, како што се онлајн спортски коефициенти, обложување во живо, казино игри и други онлајн содржини за обложување. Во годишниот финансиски извештај на компанијата се наведува дека нејзините лански приходи се зголемиле за 32 отсто и достигнале повеќе од 50 милиони евра.

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) изминатите месеци итно бараше да се поништи јавниот повик на Државна лотарија за основање на три трговски друштва за приредување на онлајн игри на среќа, бидејќи истиот наводно ќе ја доведе во прашање егзистенцијата на постојните приредувачи на игри на среќа, кои веќе имаат инвестирано во кадар, опрема и простор. Според нив, повикот бил објавен тајно и на мала врата, креиран и веќе договорен за странски компании. Во повикот на кој не учествуваше ниту една членка на АСОМ се бараше искуство во приредување интернет игри на среќа во период од најмалку 3 години од денот на поднесување на понудата, искуство од најмалку 8 години во развој, поддршка и маркетинг на интернет платформа за игри на среќа и содржини на игри во две држави во Европа од кои една на Балканот и 40 милиони евра приход само од интернет игри на среќа.

„Државна лотарија“ реагираше дека преку овој повик и преку формирање на заеднички друштва со приватните оператори, државата ќе има поголема контрола на работењето.

„На овој начин, Дражавата, преку Државна лотарија, ја презема контролата над оваа специфична дејност во игрите на среќа – интерент игрите на среќа, со цел заштита на граѓаните од неконтролирано играње на странски платформи а воедно и да спречи да се одливаат средства во странство, наместо да се приходуваат директно во Буџетот на Република Северна Македонија“, гласеше реакцијата на „Државна лотариј“.

Истовремено и првиот вицепремиер Артан Груби им се закани на домашните обложувалници со измените на Законото за игри на среќа и нивно оддалечување од училиштата во радиус од 500 метри.

„Решени сме да ја демонополизираме секоја индустрија, особено криминалните монополи на соживот и камуфлираните. Ниту една кампања спонзорирана од валкани пари од монополот што ги држи опструкторите во заложништво нема да не спречи во нашата решеност да им ја одземеме коцката на нашите деца, да го демонополизираме и либерализираме пазарот и да ги зголемиме приходите во буџетот!“, порача Груби.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy