Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Опасната воена игра меѓу Израел и Иран – дали нивниот следен чекор ќе го турне светот во голема војна?
Македонија

Опасната воена игра меѓу Израел и Иран – дали нивниот следен чекор ќе го турне светот во голема војна?

22/04/2024

AA

Израел и Иран се во „тивка војна“ веќе неколку децении, но од почетокот на месецот работите ескалираа така што сега не е реткост да испраќаат дронови и проектили еден на друг. Серија одмазднички напади од Иран и Израел започнаа на почетокот на април. Израел изврши напад врз иранската провинција Исфахан во централниот дел на Иран во петокот наутро, на 19 април, објавија американските власти. Самиот Израел не го потврди нападот, додека Техеран го минимизира неговиот опсег, наведувајќи дека експлозиите што се случиле во тоа време биле резултат на работата на системот за противвоздушна одбрана.

Како започна серијата одмазднички напади?

Прв напад – 2 април, Сирија

Серијата напади започнува со убиството на иранскиот генерал Мохамад Реза Захеди, еден од врвните команданти на силите Кудс, Корпусот на револуционерната гарда (ИРГЦ). Захеди беше убиен во ракетен напад врз иранскиот конзулат во Дамаск, Сирија на 2 април. Во истиот напад загинаа најмалку шест лица, меѓу кои и неколку ирански дипломати.

Захеди, попознат како Хасан Махдави, беше клучниот човек за снабдување на Хезболах со ракети од иранско производство, за што САД воведоа санкции.

Веднаш по нападот во Дамаск, Иран ја потврди смртта на Захеди, го обвини Израел и вети дека ќе возврати. Синот на Захеди го повика Иран да не ја остави смртта на неговиот татко да остане „без одговор“, додека Хосеин Акбари, иранскиот амбасадор во Сирија, рече дека одговорот на Иран на нападот ќе биде „со ист обем и сериозност“.

Втор напад – 13 април, Израел

Одмаздата за овој напад дојде минатиот викенд кога Иран го нападна Израел, со што беше означен првпат во историјата Израел да биде нападнат директно од иранска територија.

Иран го нападна Израел со десетици беспилотни летала и балистички ракети, а во нападот се приклучи и Хезболах од Либан. Повеќето од беспилотните летала и ракетите беа соборени пред да стигнат до израелска територија. По нападот, Техеран се закани дека ќе одговори на секоја земја што ќе го отвори својот воздушен простор или територија за Израел за напади врз Иран.

Трет напад – 19 април, Иран

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите

17/11/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО

17/11/2026
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
Македонија

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А

17/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46805
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Излезните анкети во Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата се обидува да му ја преземе власта!

28/10/2026

Израел се соочува со неизвесна политичка ситуација по парламентарните избори, откако излезните анкети покажаа дека ниту еден од двата главни

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy