Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одлука на претседателот на Стопанска комора за формирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија
Економија

Одлука на претседателот на Стопанска комора за формирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија

29/01/2024

AA

Бранко Азески, претседател на СКСМ, проф. д-р Наташа Петровиќ – Факултет организациски науки при Универзитетот во Белград, проф. д-р Дарко Лазаров – претседател на Клубот на извозници при СКСМ, проф. д-р Дејан Мираковски – ректор на УГД

Тргнувајќи од фактот што целиот Балкански регион се соочува со слични предизвици во делот на исполнување на барањата, регулативите и стандардите во областа на циркуларната економија и заштитата на животната средина како предуслов за целосно интегрирање кон заедничкиот ЕУ пазар и тргнувајќи од адресираните потреби на бизнис секторот во регионот за зелена трансформација преку воведување на нови иновативни технологии и паметно користење на ресурсите и ре-употреба на материјалите преку воведување на концептот на циркулартната економија, како претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и воедно претседател на Асоцијацијата на Балкански комори предлагам формирање на иницијативен одбор за регистрирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија.

Членови на иницијативниот одбро се: Бранко Азески – претседател на СКСМ и Асоцијацијата на Балкански комори (АБЦ), и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ), Претседателите на сите комори членки на Асоцијацијата на Балкански комори (АБЦ) и Коморскиот инвестициски форум (КИФ), проф. д-р Дарко Лазаров – претседател на Клубот на извозници при СКСМ, проф. д-р Дејан Мираковски – ректор на УГД, Марија Дуковска Павловска – генерален директор на Макстил АД Скопје, Никола Цветковски – генерален директор на Бонивес – Скопје, проф. д-р Наташа Петровиќ – Факултет организациски науки при Универзитетот во Белград и Кристина Кузеска – здружение за енергетика при СКСМ.

(фото) Месечно обраќање со проф. д-р Наташа Петровиќ – Факултет организациски науки при Универзитетот во Белград

Задачата на овој иницијативен одбор е да изработи концепт и предлог програма за работа и да создаде правни услови за регистирање на регионален хаб за циркуларна и зелена економија. Регионалниот хаб за циркуларна и зелена економија треба да се издигне како водечка регионална институција чија цел ќе биде изработка на стратешки регионални документи и регионално поврзување и вмрежување на бизнис секторот и науката во областа на циркуларната и зелената економија, обезбедување на техничка и стручна поддршка во процесот на имплементирање на модерни концепти на циркуларната економија во бизнисот, подготовка на компаниите за целосно усогласување со барањата и стандардите на ЕУ пазарот во делот на заштита на животната средина и имплементирањето на еколошки практики, како и трансформација на регионалните економии со цел побрзо интегрирање кон ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy