Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Конгресот на нозе: Мора да испратиме порака до целиот свет дека нападите на американски војници нема да се толерираат
Македонија

Конгресот на нозе: Мора да испратиме порака до целиот свет дека нападите на американски војници нема да се толерираат

29/01/2024

AA

САД „мора да испратат јасна порака до целиот свет дека нападите врз американската војска нема да се толерираат“.

Ова го изјави претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Мајкл Џонсон по нападот на американската база.

Тројца американски војници загинаа, а повеќе од 30 се повредени во напад со дрон врз база на границата Јордан и Сирија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден ги обвини милициите поддржани од Иран за нападот, додека други американски официјални лица се обидуваат прецизно да утврдат која милитантна група стои зад нападот, во кој американски војници беа убиени за прв пат откако Хамас го нападна Израел, објави Си-Ен-Ен.

„Ние сме тажни поради загубата на тројца американски херои синоќа во Јордан и се молиме за нивните семејства и за 25-те војници кои беа ранети. Америка мора да испрати кристално јасна порака низ светот дека нападите врз нашите сили нема да бидат толерирани. изјави Џонсон на мрежата Х (Твитер).

Републиканскиот сенатор од Алјаска, Ден Саливан, верува дека милитантните групи поддржани од Иран сега „ја преминале црвената линија“.

Се огласија и други американски конгресмени, а некои републиканци ја обвинија администрацијата на Бајден за ваквиот исход.

„Иран отворено ја доведува во прашање силата и решителноста на САД благодарение на отстапката на Бајден за најголемиот спонзор на тероризмот во светот“, рече сенаторот од Флорида Рик Скот во објава на социјалните мрежи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy