Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Одбраната на Груби со вкрстено испрашување на вештакот што го анализирал тендерот
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Одбраната на Груби со вкрстено испрашување на вештакот што го анализирал тендерот

18/11/2026

AA

Со вкрстено испитување на вештото лице Анита Поповска од страна на одбраната на второобвинетиот Артан Груби, денеска во Основниот кривичен суд продолжи доказната постапка за предметот „Државна лотарија“, во кој покрај Груби е обвинет и поранешниот директор на АД Државна лотарија, Перпарим Бајрами и уште шест лица.

Прашањата од бранителот на Груби, адвокат Владимир Доневски, се однесуваа на надлежностите на Бирото за јавни набавки и на Министерството за финансии во постапките поврзани со набавката на видеолотариските терминали.

Во однос на управната контрола што ја вршело Бирото за јавни набавки, Поповска посочи дека основната улога на оваа контрола била да се провери дали при спроведувањето на постапката се почитувани правилата и процедурите од Законот за јавните набавки.

На прашањето дали Бирото имало можност да покрене прекршочна или кривична постапка, таа рече дека не знае кои други инструменти биле предвидени, посочувајќи дека во вештачењето ги следела нормативите во однос на донесувањето на заклучоците од финансиски аспект.

– Мислам дека прашањето е празно. Како што посочив, исклучиво ги следам нормативите во однос на донесувањето на заклучоците од финансиски аспект, но кои се тие други инструменти, јас не знам – рече Поповска.

Прашана дали последното плаќање по предметните јавни набавки било извршено на 26 септември 2025 година, по промената на раководството во Државна лотарија, вештото лице кусо одговори дека не знае кога била извршена промената на раководството.

Во продолжение, одбраната ја прашуваше за мислењето на Министерството за финансии во врска со информацијата на Државна лотарија доставена до Владата, односно дали одлуката за преземање активности за приредување игри на среќа има буџетски импликации.

Вештото лице потврди дека мислењето на Министерството за финансии се однесувало на потребата од преземање активности за приредување игри на среќа од страна на Државна лотарија, како и дека Министерството се повикало на член 7 став 3 од Законот за игрите на среќа. Потврди и дека во заклучокот на мислењето било наведено оти Министерството, во рамки на своите надлежности, нема забелешки по информацијата.

На прашањето дали при изготвувањето на вештиот наод и мислење ги имала предвид Законот за буџетите, Законот за игрите на среќа, Законот за Владата и Деловникот за работа на Владата, Поповска одговори дека ги земала предвид законите во нормативниот дел, но не и Деловникот за работа на Владата.

– Законите да, во нормативниот дел, но Деловникот не сум го зела предвид. Не ги разбирам прашањата во однос на мислењето на Министерството за финансии. За да се добие едно мислење од Министерството за финансии, има формулари што се потпишани. Да ги извадиме и да видиме кои се формуларите во однос на поднесените барања – истакна Поповска.

Во делот на прашањата за законските надлежности на Министерството за финансии, одбраната се повика на членовите 25 и 26 од Законот за игрите на среќа, при што посочи дека Министерството, освен административна улога, има и обврска да ја проверува соодветноста на документацијата доставена од друштвото во државна сопственост за приредување општи игри на среќа.

На ова реагираше Обвинителството со приговор дека во прашањето се изнесени констатации и дека од вештото лице од економска област се бара да потврдува законски одредби, што според Обвинителството е прашање за завршен збор и анализа на доказите. Судот го одби приговорот.

На претходното рочиште, Поповска посочи дека предмет на вештачењето е постапката за набавка на видеолотариските терминали, од планирањето и спроведувањето на јавната набавка до склучувањето на рамковните спогодби, испораката на опремата и извршените плаќања. Таа тогаш наведе дека вкупно исплатениот износ за набавката е 596.125.511 денари, додека за третиот избран економски оператор не биле утврдени склучени одделни договори, испорака, фактурирање или плаќање.

Во предметот, покрај Груби и Бајрами, обвинети се и Башким Авди, Методија Димовски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски и Александар Димитриоски. Според обвинението, со пречекорување на службените овластувања предизвикале штета на АД „Државна лотарија“ во износ од 596.125.511 денари. Сите обвинети во досегашниот тек на постапката се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Обвинението го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, а судската постапка ја води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА

18/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА

18/11/2026
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
Македонија

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка

18/11/2026
Македонија

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

18/11/2026
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
Македонија

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46826
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА РАСПРАВА Пренџов ги повика сите

18/11/2026

Во понеделник ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, најави денеска

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ Тешко повреден 35-годишник од Струмица

18/11/2026

35-годишен маж од Струмица е тешко повреден, откако автомобил „Мерцедес“ што го паркирал сам се придвижил, удрил во него, а

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка поднесе кривични пријави против АХВ

18/11/2026

Општина Крива Паланка денеска поднесе неколку кривични пријави до надлежното Јавно обвинителство поради непостапување по извршните решенија за одземање на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy