Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност
Магазин

Одложено судењето за Мерко – одбраната бара застареност

08/07/2024

AA

Во Основниот суд во Струга одложена главната расправа во судскиот процес против струшкиот градоначалник Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил Ауди А6 вреден 67 илјади евра, поради потребата од време судот да ги разгледа предлозите на обвинителот и одбраната.

Судскиот процес ќе продолжи на 2 септември со сослушување на десеттина сведоци предложени од одбраната.

– Одбраната и Јавното обвинителство истакнаа предлози во однос на кои судот мора да провери, особено во однос на предлогот на одбраната со кој бара судот да донесе решение во поглед на тоа дека е настапена застареност на кривичното гонење, истакна судијката Надица Митреска.

Јавниот обвинител во Основно јавно обвинителство Струга Никола Јолески побара судот да ги отфрли предложените докази од одбраната со образложение дека се нејасни и нецелосни и оти ќе придонесат за одолговлекување на постапката.

Адвокатот на обвинетиот Игор Петкоски побара судот да го одбие обвинителниот предлог, бидејќи, според него, рокот за обвинение изминал.

– Обвинителниот предлог од страна на Јавното обвинителство е поднесен на 28 февруари 2024 година до Основен кривичен суд Скопје, со кој обвинетиот се товари за дејствија од 2018 година, што значи изминале повеќе од пет години и судот требало согласно член 337 од Законот за кривична постапка, да донесе решение со кое ке го одбие обвинителниот предлог, рече Игор Петкоски.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал го гони Мерко за злоупотреба на службената положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил Ауди А6, со што го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Со последните измени на Кривичниот законик за злоупотребата на службената положба и овластувања – членот 353, се предвидува казна затвор од една до четири години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ

16/11/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ

16/11/2026
Македонија

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ

16/11/2026
Македонија

ПО ПОВЕЌЕЧАСОВНА ПОТРАГА НАЈДЕН ПЛАНИНАР КОЈ СЕ ИЗГУБИЛ ВО МАРИОВО

16/11/2026
Македонија

ИСКРА ХАЏИ ВАСИЛЕВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ДОЛЖНОСТА ШЕФ НА ОЈО ГОКК

16/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ СОКРИ НА БИХАЌКА ОТКАКО СЕ ОТКРИ ВИСТИНАТА ЗА

16/11/2026
Македонија

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ОХРИЃАНЕЦОТ КОЈ ЈА ПРЕТЕПА ДЕВОЈКАТА Судот му

16/11/2026
Македонија

ЗАГИНА Д-Р МАЛТИНА ФЕРАТИ ОД КЛИНИЧКАТА БОЛНИЦА ТЕТОВО Таа е

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46789
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„ВЛИЈАНИЈА ИМАЛО И ЌЕ ИМА, ПРАШАЊЕ Е КАКО ЌЕ СЕ ОДНЕСУВАМЕ СО НИВ“ Искра Хаџи

16/11/2026

Новоизбраната шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Искра Хаџи Василева, денеска ја презеде

МИНИСТЕРОТ ЗА ПРАВДА ГИ ПОВИКА ИНСТИТУЦИИТЕ ДА ПОСТАПУВААТ БЕЗ ДВОЈНИ СТАНДАРДИ Државата има обврска да

16/11/2026

Случајот со 26-годишната девојка од Охрид, која беше брутално претепана, како и неодамнешната трагедија со 17-годишната девојка која го загуби

СЕ ПРЕДАДЕ НАСИЛНИКОТ ШТО ИЗБЕГА ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА НИЗ ПРОЗОРЕЦ Битолската полиција ги уапси

16/11/2026

  Полициски службеници од СВР Битола, во координација со бранителот на лицето К.У.(24) и Основното јавно обвинителство Битола, презедоа мерки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy