
НАЈМНОГУ ПОСКАПЕЛЕ КУЌИТЕ ВО ПОЛСКА: Каде најмногу поевтиниле?
Во првиот квартал од оваа година споредено со четвртиот квартал од 2023 година, цените на куќите се намалија за 0,1 отсто во еврозоната, а се зголемија за 0,4 отсто во Европската Унија(ЕУ).
Од земјите-членки 7 забележаа годишно намалување на цените на куќите во првиот квартал, а 19 забележаа годишен пораст.
Најголем пад е забележан во Луксембург, 10,9 отсто, Германија 5,7 отсто и Франција 4,8 отсто, додека најголем пораст е забележан во Полска 18 отсто, Бугарија 16 отсто и Литванија 9,9 отсто. Податоците ги објави Евростат.
foto freepik.com/frantic