Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Одбиено изземањето на судијката поротничка – предметот против 13 полицајци од Кочани продолжува со главна расправа
Македонија

Одбиено изземањето на судијката поротничка – предметот против 13 полицајци од Кочани продолжува со главна расправа

11/05/2026

AA

Основниот кривичен суд денеска донесе одлука со која подготвителната фаза завршува, а постапката против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип преминува во главна, јавна и усна расправа. Обвинетите се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“.

На самиот почеток на рочиштето, судот констатираше дека една од судијките поротнички е во роднинска врска со сопругата на еден од обвинетите. Барањето за нејзино изземање беше одбиено, а образложението беше дека нема интензивна или директна комуникација со странките во постапката.

Јавното обвинителство пред судот истакна дека останува во целост на поднесеното обвинение. Во меѓувреме, судот достави консолидирана листа на докази до обвинителството, додека одбраната поднесе свои дополнувања и забелешки на доказниот материјал.

Во расправата, одбраната на дел од обвинетите наведе дека за нив целото обвинение е спорно, без можност да се издвојат поединечни околности како неспорни. Дополнително, дел од адвокатите посочија дека паралелна постапка што се води во друг предмет претставува процесна пречка и дека е неопходно да се утврди кои факти ќе се сметаат за релевантни во овој процес.

Различни ставови беа изнесени и околу доказната постапка – дел од одбраната побара сите докази на обвинителството да се изведуваат редоследно, додека други адвокати сметаат дека не треба да се прифатат сите предложени докази.

По разгледување на ставовите, судечкиот совет донесе одлука постапката да продолжи како главна расправа. Претседателката на советот нагласи дека странките ги имаат примено доказите и дека се исполнети условите за понатамошно водење на процесот.

Во овој предмет се опфатени повеќе полициски службеници и инспектори, меѓу кои заменик-началници, инспектори и оперативни службеници од Кочани и Штип. Тие се товарат дека на критичниот ден биле службено ангажирани, но дека не презеле мерки за спречување на настанот во дискотеката, ниту реагирале на употребата на пиротехнички средства.

Обвинението го застапува обвинителката Спасенка Андонова од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН

09/10/2026
Македонија

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО

09/10/2026
Македонија

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал

09/10/2026
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА

09/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА БАРА ГЕРМАНСКО ЗНАЕЊЕ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА ЗДРАВСТВОТО Клековски разговараше

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е

09/10/2026
Македонија

80 ГОДИНИ ОД ПРЕНЕСУВАЊЕТО НА КОСКИТЕ НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО

09/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

В САБОТА OБЛАЧНО, В НЕДЕЛА 20 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТЕН МЕТАР Од вторник се очекува

09/10/2026

Утрото во сабота, 10 октомври, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне и во вечерните часови ќе има

3 ДРЖАВИ СЕ ЗДРУЖИЈА ЗА ПРЕСПА ДА ДОБИЕ ВЛЕЗ ВО УНЕСКО Македонија, Грција и Албанија

09/10/2026

Преспанскиот Регион би можел да се најде на Листата на светското наследство на УНЕСКО, откако Македонија, Грција и Албанија се

ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на

09/10/2026

Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy