Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити преку компјутерска измама
Магазин

Од затвор давал инструкции за подигање брзи кредити преку компјутерска измама

19/06/2023

AA

Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе кривична пријава против П.С.(31) од Струга, З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско. П.С. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на личните податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

Како што информира Обвинителството, З.А. се сомничи дека сторил кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „помагање“ во врска со кривичното дело „злоупотреба на лични податоци“. Додека, Ц.С. се сомничи дека сторила кривично дело „помагање“ во врска со кривичното дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.

– Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа фејсбук и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А., на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С.. Со податоците П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички. Поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во Затвор Издризово, а мал процент задржувал за себе. Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички. На ваквиот начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш, соопшти Обвинителството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски

26/09/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ

26/09/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните

26/09/2026
Македонија

СВЕТЛАНА МОЈСОВ ОДЛИКУВАНА СО ОРДЕН „8 СЕПТЕМВРИ“ Македонија се гордее

26/09/2026
Македонија

ПРВО ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА, ПА ОТВОРЕНИ ЛИСТИ Платформата 12.05 нуди

26/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ФРАКЦИЈА ВО СДСМ И МОРА ДА ЈА ОСЛОБОДИ

26/09/2026
Македонија

ТЕТОВЕЦ ОСОМНИЧЕН ЗА СИЛУВАЊЕ ДЕТЕ САМ СЕ ПРИЈАВИЛ ВО ПОЛИЦИЈА

26/09/2026
Македонија

НАПРЕДОКОТ Ѝ Е ПОТРЕБЕН НА МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ЌЕ

26/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45826
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПЛАТФОРМАТА 12.05 ЈА ПРОПУШТИЛА ШАНСАТА ЗА ДОБАР ПРВ ВПЕЧАТОК Мицкоски не сака да се меша

26/09/2026

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“ ја пропуштила можноста да остави позитивен прв впечаток, бидејќи ги потценува граѓаните, со тоа

СОФИЈА НЕ САКА БРИСЕЛ ДА СЕ ВКЛУЧИ ЗА ДА НЕ ПРИЗНАЕ ДЕКА ИМАМЕ БИЛАТЕРАЛЕН СПОР

26/09/2026

Досегашните средби на билатерално ниво меѓу Северна Македонија и Бугарија се средби „колку да се случат“, а Европската Унија треба

ГОЛЕМ ПОЖАР НА ОТПАД ЗА АВТОМОБИЛИ ВО ТЕТОВО На граѓаните им е препорачано да ги

26/09/2026

Во автоотпад во Тетово избувна пожар, при што биле зафатени гуми, акумулатори и пластични делови од возила. Пожарникарите со часови

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy