Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Нови осомничени во истрагата за трагедијата во „Пулс“ – вработени од УЈП и Пазарниот инспекторат под сомнение за корупција и фалсификати
Македонија

Нови осомничени во истрагата за трагедијата во „Пулс“ – вработени од УЈП и Пазарниот инспекторат под сомнение за корупција и фалсификати

20/11/2025

AA

Обвинителството во рамки на истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“ покрена постапки против повеќе лица поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификување документи.

Дел од осомничените се лишени од слобода, а за неколкумина обвинителството, според информациите на МКД.мк, ќе бара и мерка притвор. Се работи за лица вработени во Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Според МКД.мк, притвор ќе биде побаран за Драганчо Паунов од Штип, вработен во УЈП Штип, осомничен за примање поткуп (чл. 357) и оддавање службена тајна (чл. 360). Тој веќе е лишен од слобода. Притвор ќе биде побаран и за неговиот колега Дуле Димитриев, исто така од Штип, осомничен за примање поткуп (чл. 357) и примање награда за противзаконито влијание (чл. 359).

Осомничен за давање поткуп (чл. 358) и давање награда за противзаконито влијание (чл. 358-а) е Михаил Јованов. Постапка е покрената и против Драган Чурлинов од Гевгелија за злоупотреба на службена положба (чл. 353) и фалсификување службена исправа (чл. 361).

Атанас Чурлинов од Гевгелија, вработен во УЈП Струмица, е сомничен за истите две дела – злоупотреба на службената положба и фалсификување службена исправа. Лишен е од слобода, како и Алки Караманолев од Струмица, исто така вработен во УЈП, осомничен за истите кривични дела.

Постапка се води и против Александра Чичанова од Валандово, вработена во УЈП Струмица, за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа. Во УЈП Штип е осомничен и Никола Тушев, лишен од слобода за злоупотреба на службената положба, како и Александар Кангалов од Штип, кој исто така е приведен.

Според МКД.мк, лице со иницијали В. К. од Кочани е осомничено за оддавање службена тајна (чл. 360), а во случајот „Пулс Кочани“ за фалсификување исправа (чл. 378 ст. 4) осомничен е и Д. Ј.

Обвинителството продолжува со прибирање докази во рамките на проширената истрага. Вчера започна судскиот процес против 35 физички и три правни лица обвинети за трагедијата во „Пулс“, а паралелно се води и постапка против 13 полициски службеници, за кои обвинение се очекува следниот месец.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат

25/08/2026
Македонија

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа

25/08/2026
Македонија

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026
Македонија

Тетовец пријавил дека му го застрелале бикот со воздушна пушка

25/08/2026
Македонија

Се трага по 17-годишно девојче од Желино: Се слушнала со

25/08/2026
Македонија

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци – се

25/08/2026
Македонија

Вратата од лифт ненадејно се отворила и затворила, тешко повредено

25/08/2026
Македонија

Донесена е одлука, Владата ги намалува цените на училишниот прибор

25/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45250
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

За една година 300 паралелки помалку: 14.500 првачиња ќе седнат во училишните клупи

25/08/2026

Една недела пред почетокот на новата учебна година, министерката за образование и наука Весна Јаневска информираше дека во учебната 2026/2027

По објавата на 4news.mk исчезна профилот на кој малолетници објавуваа снимки од уништување на имот

25/08/2026

Профилот „zycx_urbex“ на социјалната мрежа Инстаграм, на кој беа објавувани видеа од малолетници како упаѓаат во туѓи објекти, кршат катанци

8 активни пожари низ Македонија

25/08/2026

Денеска до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 23 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, 1 е под

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy