Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да одвојат 10% од зградите за станови за млади
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да одвојат 10% од зградите за станови за млади

22/11/2026

AA

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни мерки за младите. Првата, како што рече, е поевтини станови за млади брачни двојки до 35 години, за 20 проценти.

– Сакам да објавам три мерки, проекти за младите, кои ценам дека ќе ги решат најважните прашања кај младите – а тоа се егзистенцијата и домувањето. Нашата борба е со проекти и дела. Првата мерка којашто денеска ќе ја објавам, а којашто наскоро ќе се најде како закон пред пратениците е мерка во која ниту една градежна компанија што има намера да гради станбени единици, згради, без разлика во кој град и без разлика на кое место во Македонија, не може да добие дозвола за градба ако не оддели минимум 10 проценти станбена површина за брачни парови до 35 години, по цена која што ќе биде најмалку 20 проценти пониска од пазарната цена – нагласи Мицкоски.

Тој порача дека тоа е негова порака до сите градежни компании и оти по донесувањето на овој закон нема веќе дозволи за градење, нема веќе бетонизација, туку ќе биде хумано градење и домување, а за младите брачни двојки до 35 години 10 проценти од станбените единици, минимум 20 проценти попуст од секој метар квадратен во зградата.

– И ова ќе биде регулирано со закон, има политички партии што се обидуваат да прават естрада дека требало од буџетот да субвенционираме еден, два проценти од каматните стапки. Не еден, два, туку минимум 20 проценти пониска цена. Ова е вистинска мерка – порача Мицкоски.

Тој најави уште една важна мерка за младите а тоа е дека брачни двојки до 35 години нема да плаќаат комуналии за градење куќа.

– Втората мерка за млади до 35 години е за секој оној кој ќе гради дом или своја куќа каде што ќе го гради своето семејство, преку закон повторно пред македонскиот парламент ќе донесеме одлука со којашто општините нема да плаќаат комуналии – рече Мицкоски.

Тој кажа дека тоа ќе се однесува на целата територија на Македонија.

– За куќа, за брачен пар до 35 години општините нема да наплаќаат комуналии. На цела територија на Македонија. Не еден процент субвенција во каматната стапка, не два процента, не три проценти. Нула комуналии за сите брачни парови до 35 години што ќе се одлучат да градат куќа, свој дом – нагласи Мицкоски.

Тој денеска се обрати на 35-та годишна Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, под мотото „Нашата генерација-нашата Македонија. На младите им порача дека постојат генерации кои добиваат можност да направат нешто поголемо од себе, нешто што ќе остане и по нив, нешто што ќе биде темел врз кој ќе продолжат да градат генерациите што доаѓаат.

– Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ има своја историја, традиција и генерации луѓе кои поминале низ нејзините редови. Но секоја организација, колку и да е долга нејзината историја, мора постојано да си го поставува прашањето што создава денес и какви луѓе подготвува за утре. Нашата генерација, Вашата генерација е она што го оставаме за нашата Македонија – порача Мицкоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46884
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по течението на Вардар

22/11/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за потрага по исчезнатото лице во Гостивар, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy