Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДЗР со „црвен картон“ за Агенцијата за филм: Преземале пет пати повеќе обврски од буџетот, неправилностите се повторуваат
Македонија

ДЗР со „црвен картон“ за Агенцијата за филм: Преземале пет пати повеќе обврски од буџетот, неправилностите се повторуваат

20/11/2025

AA

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм за 2024 година, откривајќи сериозни финансиски дупки и системски слабости кои се провлекуваат со години. Ревизорите утврдиле дека Агенцијата потпишувала договори за филмови и фестивали во вредност која петкратно го надминува нивниот одобрен буџет, со што ја довела институцијата во ризик од тужби и камати.

Со извршената ревизија за 2024 година, изразено е неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи, како и за усогласеноста со законската регулатива. Она што загрижува е заклучокот дека состојбите утврдени уште во 2021 година се повторуваат, а слабостите не се надминати.

Најголемиот проблем што го лоцираа ревизорите е драматичното зголемување на обврските за производство на филмови и фестивали, особено во периодот од 2022 до 2024 година.

Континуираните промени на раководната структура во 2024 година негативно влијаеле врз остварувањето на целите на Агенцијата. Поради недостиг на стручен кадар во клучните сектори, Агенцијата ангажирала лица со договор на дело.

Сепак, ревизорите нотираат дека овие ангажмани се правеле „без спроведена постапка за исполнетост на условите и квалификациите за соодветното работно место“.

Агенцијата за филм функционира без клучни стратешки документи и евиденции:

Ревизијата открива и правни прекршувања при распределбата на средствата:

Дополнително, утврдено е дека се користела стара Методологија за надоместоци од 2015 година и се носеле одлуки за наплата на административни такси без законска основа. Агенцијата нема ниту единица за внатрешна ревизија, иако тоа е законска обврска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски

22/11/2026
Македонија

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе

22/11/2026
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46886
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МЛАДИТЕ ШТО ПРОТЕСТИРААТ ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО ИМААТ СОГОВОРНИК ВО ПРЕМИЕРОТ Мицкоски ѝ порача на опозицијата да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска им порача на младите кои протестираа против насилството врз жените, дека во

20% ПОВЕЌЕ УСЛУГИ ЗА СТУДЕНТИТЕ И ЗА МЛАДИТЕ Поволностите ќе се користат преку апликацијата м.услуги

22/11/2026

Како трета мерка за младите премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, најави 20 проценти поголеми услуги за студентите и

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy