
На Флорида погубен маж кој убил девојче и нејзината баба
Едвард Џејмс (63) синоќа е егзекутиран во затвор во Флорида поради убиство на осумгодишно девојче и нејзината баба во 1993 година.
Затворските власти соопштија дека тој бил прогласен за мртов во 20:15 часот. откако му била дадена смртоносна инјекција, објави АП.
На 19 септември 1993 година Џејмс ги уби Тони Нојнер (8) и нејзината баба Бети Дик (58) во градот Каселбери, недалеку од Орландо, откако конзумирале алкохол и дрога.