Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ
Економија

Министерката Божиновска задоволна од незначителната промена на цената на струјата, најавува ревизија на работењето на АД ЕСМ

27/06/2024

AA

Министерството за енергетика, рударство и миниреални суровини го изрази своето задоволство од незначителната промена на цената за електрична енергија за домаќинствата што ќе важи од 1 јули, а за која денеска Регулаторната комисија за енергетика донесе официјална одлука. 

 Собранието пред два дена во рамки на 8-та седница едногласно со 84 гласа „за“ го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика со што ќе се спречи зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули годинава за домаќинствата и малите потрошувачи кои се на регулираниот пазар. 

Според министерката Сања Божиновска, но и како што денеска кажа самиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, голем придонес во незначителното зголемување на цената за електрична енергија има изгласувањето на овие законски измени кои беа поднесени минатата недела. 

– Мора да се каже дека овој предлог-амандман даде голем придонес во тоа што практично не се зголеми цената на електричната енергија за домаќинствата посебно првата категорија која останува иста и е за поздравување тоа што законот беше прифатен од 84 пратеници и донесен конструктивно, вели Божиновска. 

Официјално министерството својата работа ја започна од понеделник, со формалната регистрација, а Божиновска во следниот полугодишен период најавува ревизија на работата на ЕСМ и зголемување на домашното производство и домаќинско работење кое би довело до евентуално намалување на цената на струјата на регулираниот пазар. 

 Регулаторна комисија за енергетика денеска официјално објави дека од 1 јули цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува за половина процент. За домаќинствата од прв и втор блок, односно оние кои не навлегуваат во третиот блок, пресметките велат дека нвните трошоци се зголемуваат за 0,4 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Николоски: Увозот на работна сила е неминовен за спас на

08/05/2026
Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе го скрати патувањето до

08/05/2026
Македонија

Николоски: Брза железница до 200 км/час е мојот „животен проект“

08/05/2026
Македонија

Николоски најави пет нови авиолинии од јуни: Македонија станува регионален

08/05/2026
Македонија

Автопатот Кичево-Охрид готов до крајот на годината

08/05/2026
Македонија

Николоски: Реализацијата на капиталните инвестиции надмина 74%, бараме дополнителни 40

08/05/2026
Македонија

АД МЕПСО оди на арбитража со босанската фирма „Енергоинвест“ поради

08/05/2026
Македонија

Лукровски не поднел оставка, туку е на боледување, соопштија од

08/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43165
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Николоски: Увозот на работна сила е неминовен за спас на домашното стопанство

08/05/2026

Македонската економија се соочува со сериозен дефицит на работна сила кој го загрозува опстанокот на домашните компании. Вицепремиерот и министер

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе го скрати патувањето до Атина за три часа и

08/05/2026

Изградбата на автопатската делница Прилеп – Битола не е само локално инфраструктурно решение, туку стратешки проект кој целосно ќе ја

Николоски: Брза железница до 200 км/час е мојот „животен проект“

08/05/2026

Македонија се подготвува за историски пресврт во железничкиот сообраќај. Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во интервјуто за „Ноќно

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy