🎥📷 МИЦКОСКИ ОБЈАВИ ВИДЕО ОД СРЕДБИТЕ ВО ЊУЈОРК Нови можности за партнерства, инвестиции и развој
Премиерот Христијан Мицкоски објави видео од неговиот престој во Њујорк САД со дел од средбите што ги одржа на високо ниво, како и фотографии од отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации.
„Реализиравме низа значајни средби со претставници од американската администрација и бизнис-заедницата. Продолжуваме со посветена работа за создавање нови можности, привлекување инвестиции и градење на стратешки партнерства кои носат развој и напредок за нашата држава“, објави тој на Фејсбук.
На отварањето на отворањето на Генералното собрание на Обединетите нации премиерот присуствуваше заедно со пефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.
„Денеска бевме дел од отворање на Генералното собрание на Обединетите нации. Настан кој ги обединува претставниците на државите од целиот свет и претставува важна платформа за разговори за глобалните предизвици, мирот, безбедноста и за иднината на меѓународната соработка. Со гордост ја претставуваме Македонија на местото каде што се носат важни одлуки за светот и каде што се градат партнерства засновани на почит, дијалог и заеднички интереси“, објави Мицкоски на Фејсбук.
Предвидено е Мицкоски да има обраќање пред Генералното собрание на ОН.
Генералната дебата на 81. сесија на Генералното собрание на ОН ќе трае од денеска до 28 септември, а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети на темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.
Речиси 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.
.
Извор: plusinfo.mk