29-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ВЕДНАШ ПО СЛЕТУВАЊЕТО Гостиварец треба да одлежи две години за тешка кражба
29-годишен жител на гостиварското село Топлица бил уапсен на скопскиот аеродром, каде што бил запрен при влез во државата.
И.Ч. бил лишен од слобода на 21 септември околу 12:30 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, откако полицијата утврдила дека за него била распишана судска наредба за издржување затворска казна.
Тој треба да издржува две години затвор поради сторено кривично дело „тешка кражба“, согласно член 236 од Кривичниот законик.
По апсењето, 29-годишникот бил спроведен во Казнено-поправната установа „Затвор Скопје“, каде што треба да ја издржува изречената казна.
.
Извор: plusinfo.mk