Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално
Македонија

Мицкоски: Мислам дека уште вечерва граѓаните ќе слушнат нешто катастрофално

05/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави масовна полициска акција која ќе ги разоткрие размерите на криминалот со нелегално производство и трговија со марихуана во државата.

Според неговите зборови, граѓаните во наредните денови, па дури и во текот на денешниот ден, ќе бидат сведоци на заплена на „десетици тони“ недозволени супстанции.

Мицкоски остро ги критикуваше политиките на претходната власт на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека ги довеле граѓаните и инвеститорите во заблуда со ветувања за брзо богатење и економски просперитет преку бизнисот со марихуана.

„Тоа беше економската политика на претходната влада која ги натера луѓето да веруваат дека преку ноќ ќе станат милионери. Наместо трансформација, добивме тешка и мачна ситуација која директно ги загрозува младите генерации“, изјави премиерот.

Акцијата на Министерството за внатрешни работи, која е во тек, има за цел да го пресече нелегалниот промет и складирање на марихуана. Мицкоски посочи дека станува збор за огромни количини кои биле пуштени во промет на незаконски начин, а во кои се вклучени правни субјекти од земјата, но и од странство.

„Не станува збор за неколку, туку за десетици тони материи. Констатирани се незаконски односи меѓу домашни и надворешни фирми“.

Премиерот побара одговорност од креаторите на овие политики, нагласувајќи дека последиците од ваквото функционирање се катастрофални за општеството.

Граѓаните, според најавите, наскоро ќе ги видат официјалните бројки и податоци од МВР кои ќе ги потврдат овие наводи за „катастрофалната состојба“ наследена од минатото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ

22/11/2026
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46884
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТАНОВИТЕ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ДВОЈКИ ЌЕ БИДАТ ЗА 20% ПОЕВТИНИ Фирмите ќе бидат задолжени да

22/11/2026

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од конференцијата на Унијата за млади сили на партијата, најави три клучни

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy