Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИЗБОРИ ЌЕ НЕМА, ФОКУСОТ Е НА РЕФОРМИТЕ Мицкоски со јасна порака до еу-амбасадорите
Македонија

ИЗБОРИ ЌЕ НЕМА, ФОКУСОТ Е НА РЕФОРМИТЕ Мицкоски со јасна порака до еу-амбасадорите

05/02/2026

AA

Владата е целосно фокусирана на реализација на Реформската агенда и воведување ред во државата, а годинава нема да има избори, порача премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со амбасадори на земјите членки на Европската Унија.

Мицкоски информираше дека Владата ќе отпочне циклус на редовни брифинзи со резидентните амбасадори на ЕУ во земјава, со цел, како што рече, подетално да ги доближи активностите што ги спроведува Владата во рамки на Реформската агенда.

– Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија кои се резидентни во нашата земја, и на овој начин поблиску да ги доближиме активностите кои како Влада ги правиме, а се поврзани со Реформската агенда – истакна Мицкоски.

Премиерот посочи дека дел од реформите веќе се реализираат, додека дел, од објективни причини, нема да можат да се спроведат во предвидената динамика, за што, како што нагласи, е информирана и меѓународната заедница.

– Тоа што можеме да го испорачаме – ќе го испорачаме. За тоа што не можеме, отворено и искрено ќе ги дадеме аргументите зошто не можеме. Не сакаме да бидеме Влада која едно ветува пред меѓународната заедница, а друго прави зад завеса – нагласи Мицкоски.

Тој објасни дека динамиката на реформите била забавена поради локалните избори и законските ограничувања, но дека веднаш по нивното завршување, од ноември, процесот повторно бил интензивиран.

Мицкоски децидно порача дека оваа година нема да има избори, бидејќи Владата е насочена кон спроведување на реформите.

– Нема да имаме избори оваа година. Амбициозната реформска агенда јасно покажува дека сме фокусирани на реформи и воведување ред во државата – рече премиерот.

Како дел од клучните приоритети тој ги наведе проектот „Безбеден град“, борбата против криминалот и корупцијата, како и носењето закони поврзани со здравјето и безбедноста на граѓаните, меѓу кои и Законот за пушење, Законот за игри на среќа и повеќе закони од областа на правосудството.

– Оваа година имаме прилично амбициозна реформска агенда. Целта е да ја напишеме домашната задача, а потоа е до земјите членки на ЕУ како понатаму – истакна Мицкоски.

Премиерот најави дека брифинзите со дипломатскиот кор ќе продолжат и во наредниот период, најпрво во март, потоа во јуни, а потоа најмалку еднаш квартално.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст

21/09/2026
Македонија

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со

21/09/2026
Македонија

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски

21/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЕ 140 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ПЛАНОТ ЗА РАСТ

21/09/2026
Македонија

„КАДЕ СЕ НАШИТЕ ЛУЃЕ, ТАМУ Е И ДЕЛ ОД МАКЕДОНИЈА“

21/09/2026
Македонија

НЕЗАКОНСКИ Е ПРАТЕНИК ДА ИМА ДВОЈНО ДРЖАВЈАНСТВО Законот за пратеници

21/09/2026
Македонија

ГОДИНАВА АВГУСТ БИЛ ЕКСТРЕМНО ТОПОЛ И СУШЕН Температурите за 2,7

21/09/2026
Македонија

СВЕДОК РЕЧЕ ДЕКА ПОЛИЦАЕЦ ОДБИЛ ДА МУ ПОМОГНЕ НА ПОВРЕДЕН

21/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45717
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО Најде пропуст во документацијата

21/09/2026

На граничниот премин Ѓуешево, бугарските власти не дозволија увоз на пратка кисело млеко од Македонија, наводно, поради некомплетна документација. Инспектори

МЕЃУ ЗАПЛЕНИТЕ СУПЛЕМЕНТИ И СРЕДСТВА ЗА ПОТЕНЦИЈА Министерот Клековски со детали за акцијата против шверцот

21/09/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва во гостувањето во Топ тема на ТВ Телма откри дека суплементи за потенција се

РАЗГОВОРИ ЗА СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО И ИНВЕСТИЦИИ ВО ВОЕНАТА ИНДУСТРИЈА Мицкоски одржа официјални средби со високи

21/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски, кој деновите е во Њујорк, оствари официјална средба со заменик- државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy