Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: И покрај критиките од вчера, стојам на ставот дека Македонија е преубава земја и дека има прекрасни езера, планини и села!
Македонија

Мицкоски: И покрај критиките од вчера, стојам на ставот дека Македонија е преубава земја и дека има прекрасни езера, планини и села!

05/05/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во тек се билатерални преговори во однос на системот за влез и излез во Европската Унија (ЕЕС), при што Владата очекува да се најде сеопфатно и долгорочно решение за олеснување на движењето на граѓаните.

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски посочи дека разговорите се одвиваат на повеќе нивоа и изрази очекување дека постојните бариери ќе бидат надминати преку договори меѓу засегнатите страни.

„Се водат преговори и врз основа на нив ценам дека на билатерално ниво ќе бидат надминати овие пречки, но не само за летниот период, туку бараме генерално решение“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека не сака политичките теми да се претвораат во јавна „естрада“, нагласувајќи дека фокусот треба да биде на конкретни решенија и реални резултати.

Мицкоски се осврна и на критиките од претходниот ден, повторувајќи дека останува на својот став за потенцијалот на државата за туризам и домашна понуда.

„Иако вчера имаше одредени кругови кои се обидоа да ме исмејат за тоа што го кажав, јас уште поцврсто стојам на ставот дека Македонија е преубава земја и дека има прекрасни езера, планини, села, што ќе можат да се посетат за време на летниот одмор. А има таков тип на луѓе кои повторно ќе ме исмејат, но јас повторно уште поцврсто стојам на својот став“, нагласи Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy