МАСКИРАН МАЖ СО НОЖ УПАДНАЛ ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА Со закана зел пари и побегнал!
Разбојништво се случило во спортска обложувалница во Тетово, каде маскирано машко лице со закана со нож од вработена одзело пари, по што побегнало од објектот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен на 18 септември во 00:30 часот во СВР Тетово.
Според пријавата, инцидентот се случил претходната вечер, околу 22:50 часот, во спортска обложувалница на улицата Илинденска. Осомничениот, кој бил маскиран, ѝ се заканил со нож на вработената и од неа одзел пари. По извршеното разбојништво, лицето го напуштило објектот и се оддалечило од местото.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, а во тек се мерки и активности за пронаоѓање на лицето и целосно расчистување и документирање на случајот.
.
Извор: plusinfo.mk