Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија го призна ММА како официјален спорт
Македонија

Македонија го призна ММА како официјален спорт

13/05/2025

AA

Македонија влегува во кругот на европските земји што го признаваат ММА како официјален спорт. Министерството за спорт донесе одлука со која мешаните боречки вештини (ММА) добиваат статус на легитимен спорт, ставајќи ја Македонија на листата на само четири европски земји што направиле ваков чекор.

Признавањето на ММА како официјален спорт во Македонија е резултат на долгогодишна посветеност, страст и значајни успеси на македонските борци на домашната и меѓународната сцена. Особено се издвојуваат резултатите на клубот „Д Стронгест“ и борците Даниела Алексовска, Ивица Алексовски и Стефан Пецевски, кои во изминатите две години обезбедија бројни победи, два европски шампиони и бронзен медал од Светското ММА првенство – успеси што го позиционираа македонскиот ММА на светската мапа.

Со ова признание е и официјално формирана Македонската ММА Федерација, предводена од Ивица Алексовски, кој има над 30 години искуство во развој и промоција на боречките спортови.

Во духот на ова ново поглавје, на 6 септември ќе се одржи најголемиот ММА настан досега во Македонија. Организиран од Македонската ММА Федерација и промотерската организација АРММАДА, Скопје ќе биде домаќин на врвни борци од земјава и од светот.

Министерот за спорт, Борко Ристовски, и претседателот на Федерацијата, Ивица Алексовски, најавија дека како специјални гости ќе бидат поканети светски ММА имиња како Александар Волкановски, Александар Ракиќ и Педи Пимблет.

Своите вештини во октагонот ќе ги покажат и неколку истакнати македонски борци – Горјан Славески, Даниела Алексовска, Марко Трајановски и Дино Старчевиќ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026
Македонија

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026
Македонија

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026
Македонија

Од септември ново правило за Google услугите во Македонија –

20/08/2026
Македонија

22 пожари на отворено за еден ден: Осум и натаму

20/08/2026
Македонија

Ангелов: Водата во Гостивар е безбедна, грижата за квалитетот сега

20/08/2026
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45150
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Дете се затруло со бензин во Куманово, пренесено во болница

20/08/2026

Мало дете од Куманово било итно пренесено во болница откако испило бензин. Случајот бил пријавен во полицијата во текот на

МВР: Ставена во функција апликацијата „Безбеден град“ за странските возила

20/08/2026

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека е ставена во функција веб апликацијата со мобилен интерфејс „Безбеден град“, која

Владата потрошила 6 милиони денари за питка вода за гостиварчани

20/08/2026

Речиси шест милиони денари изнесуваат трошоците за обезбедување питка вода за жителите на Гостивар во периодот додека беше во сила

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy