Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УНЕСКО ја прогласи Анкара за модерно архитектонско наследство
Македонија

УНЕСКО ја прогласи Анкара за модерно архитектонско наследство

13/05/2025

AA

Главниот град на Република Туркије неодамна беше вклучен на Листата на светско
наследство на УНЕСКО, со што урбанизацијата на Анкара стана глобално
препознаена како посебен модел на модерно градско планирање. Процесот на
апликација го раководеа Министерството за култура и туризам и Турската
национална комисија за УНЕСКО, истакнувајќи го периодот од 1920 до 1970 година
како клучен за обликувањето на Анкара во модерен главен град од дваесеттиот век,
со неговите јавни згради, културни простори и отворени јавни површини.

Анкара е симбол на новата модерна турска држава, а за главен град е прогласена во
1923 година, непосредно по формирањето на Република Туркије. Анкара исто така
била дом на многу цивилизации низ вековите, вклучувајќи ги Хетитите, Фригијците,
Римјаните и Османлиите и изобилува со градби од различни периоди, од антички
остатоци до модерни архитектонски чуда.

Додека античките локалитети како Гордион, кој е запишан на списокот на светско
наследство на УНЕСКО како 20-то културно богатство на Туркије, го одразуваат
нејзиното богато минато, современите структури на Анкара, особено оние изградени
во градежниот бум на Републиката, се подеднакво импресивни, нагласувајќи ја
просторната трансформација на градот за време на политичката еволуција на земјата.

Од тој период особено препознатливи се булеварот Ататурк, плоштадот Улус и областа
Кизилај, потоа зградите на Првото, Второто и Третото големо национално собрание на
Туркије, Претседателскиот комплекс, паркот Ѓувен, Младинскиот парк, железничката
станица во Анкара, зградата на Иш банка, различните згради на министерствата, како и плоштадот Кизилај.

Oвие градби се истовремено и клучни знаменитости на турската престолнина. Таква е
и Аниткабир, последното почивалиште на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на
Република Туркије, а меѓу другите се Етнографскиот музеј, Музејот на сликарство и
скулптура и Музејот на анадолските цивилизации, прогласен за „Музеј на годината во
Европа“ во 1997 година.

Со додавањето на Анкара на Листата на светско наследство на УНЕСКО Туркије има
вкупно 80 различни локации на овој список. Министерството за култура и туризам на
Република Туркије е фокусирано на ефективно зачувување и пренесување на
културното и природното наследство на земјата на меѓународно ниво, преку глобални
механизми за соработка, каков што е УНЕСКО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

30-ти роденден на 2.200 метри височина: Габриела Панајотова го прослави

06/08/2026
Македонија

Паднатите дрвја од невремето стануваат моторички парк на Водно: Ѓорѓиевски

06/08/2026
Македонија

Мицкоски: Македонските аеродроми се најбрзорастечки во регионот, туризмот бележи силен

06/08/2026
Македонија

Историски нискиот водостој на Дунав ги крена цените на струјата:

06/08/2026
Македонија

Владата не планира зголемување на цената на струјата, можно проширување

06/08/2026
Македонија

Струга бележи рекордна посетеност: Богатата летна програма ги исполни бреговите

06/08/2026
Македонија

Жештини, невремиња и пожари: сè поголем товар за инфраструктурата

06/08/2026
Македонија

Алармантен демографски тренд: Во новата учебна година дури 4.900 помалку

06/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44886
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy