Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни
Магазин

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

19/06/2023

AA

Во Основниот кривичен суд, новинарот Драган Павловиќ Латас и инфлуенсерот Стефан Лазаров, обвинети за кривичното дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ денеска изјавија дека не се чувствуваат виновни за делото што им се става на товар.

Латас пред Судот рече дека не се чувствува виновен и дека обвинението е тенденциозно.

– Не се чувствувам виновен за поднесеното обвинение бидејќи сметам дека е тенденциозно, под притисок на мала група луѓе кои себе се дефинираат како јавност, во соработка со директорот на јавната полиција, односно Бирото за јавна безбедност и премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со претходно спомнатите, однапред, и пред да се донесе обвинението, обвинија и јавно пресудија, рече Латас.

Не се смета за виновен бидејќи, како што рече, во самото обвинението се цитира реченицата во која е нагласен мотивот за да се напушти средината со такви појави.

– Исто така, не се сметам за виновен, бидејќи ниту во самата емисија, која раскажува животен пат на момче од сиромашна средина, до ниво на познат и признат новинар, постојат разни фази, случки и мотиви да се напушти таа средина и оствари нешто ново. На крај, токму реченицата која се цитира во обвинението е нагласен мотивот за да се напушти средината со такви појави и се премине на нешто друго, друг живот, рече тој.

Обвинетиот Стефан Лазаров, исто така, изјави дека не се чувствува виновен.

– Самите две минути, според мене, се извадени од контекст. Сметам дека треба да се помине целата емисија за да се увиди мотивот на гостинот. Искажан став не значи и искажана ситуација која што се случила некогаш во неговиот живот, а моето смеење на истата не значи дека оправдувам и промовирам насилство врз жени, рече тој.

Рочиштето продолжи со изведување на докази од Обвинителството при што беше изведен делот од подкастот на кој обвинителството го темели обвинението.

Според обвинетиот Латас, овој доказ не е целосен бидејќи недостасува целата емисија во која се состои контекстот.

Како што рече, обвинителот не може да оценува и проценува што е смеење.

– Какво е тоа смеење и кои се целите на тоа смеење, што спаѓа во рамки на друга струка за која вообичаено и во процеси на клевета, се бара мислење од стручно лице психолог или психијатар кој оценува дали и какви смеење има, вели тој, нагласувајќи дека тоналитетот на неговото смеење бил ист низ целата емисија, како и во конкретниот дел изведен од обвинителството.

На ова обвинителот одговори дека при изведувањето не извршил проценка на нивното смеење, туку само навел дека тие се смеат.

Според обвинението, двајцата обвинети, преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

– Првообвинетиот, гостувајќи во интервју објавено на 14 февруари како поткаст на Јутјуб канал на второобвинетиот, јавно промовирал чин на полово насилство, евоцирајќи спомени од неговото наводно минато, без да изнесе морална осуда или каење, со тоа свесно промовирајќи го таквото насилничко однесување. Второобвинетиот, иако бил свесен за влијанието што го има содржината што ја емитува особено меѓу младата популација, сепак не го спречил или прекинал соговорникот, туку дополнително го наведувал со коментари и потпрашања да го прераскажува спорниот настан, стои во соопштението на обвинителството.

На Латас, Кривичниот суд му одреди превентивна мерка заради присуство, односно привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело, односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров му одреди забрана за јавен настап.

Според Кривичниот законик, тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на раса, боја на кожа, национално или етничко потекло, како и верско уверување, ќе се казни со затвор од една до пет години.

Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е обвинителот Даниел Коцев.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА

18/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА

18/11/2026
Македонија

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ

18/11/2026
Македонија

„СВЕТОТ НИ СЕ СМЕЕ, ТРПЕНИЕТО Е ПРИ КРАЈ“ Крива Паланка

18/11/2026
Македонија

ХОТЕЛСКИ КОМПЛЕКС ВО ОХРИД СТАВЕН ВО УПОТРЕБА И ПОКРАЈ НЕПРАВИЛНОСТИТЕ

18/11/2026
Македонија

КРАЈ ЗА РАМПИТЕ НА АВТОПАТИТЕ, ЌЕ ПЛАЌАМЕ САМО ЗА ПОМИНАТАТА

18/11/2026
Македонија

ОСУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПАЛЕЊЕТО НА ДВЕТЕ ВОЗИЛА НА БУГАРСКАТА

18/11/2026
Македонија

КОРИДОР 10 ТРЕБА ДА ДОБИЕ „ПАМЕТНИ СИСТЕМИ“ ДО 2028 ГОДИНА

18/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46826
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАБАВКАТА НА ВИДЕОТЕРМИНАЛИ ЗА „ЛОТАРИЈА“ БИЛА КОНТРОЛИРАНА ОД БИРОТО ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Одбраната на Груби

18/11/2026

Со вкрстено испитување на вештото лице Анита Поповска од страна на одбраната на второобвинетиот Артан Груби, денеска во Основниот кривичен

ЗАКОНОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА И РАБОТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ ОДИ НА ЈАВНА РАСПРАВА Пренџов ги повика сите

18/11/2026

Во понеделник ќе се одржи јавна расправа по предлог-законот за организација и работа на органите на државната управа, најави денеска

ПАРКИРАЛ ДВА АВТОМОБИЛА, НО ЕДЕН САМ ТРГНАЛ И ГО УДРИЛ Тешко повреден 35-годишник од Струмица

18/11/2026

35-годишен маж од Струмица е тешко повреден, откако автомобил „Мерцедес“ што го паркирал сам се придвижил, удрил во него, а

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy