Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИВА ПАЛАНКА ПОВТОРНО ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ: Митовски најавува мега-ѕвезда за 29 август
Македонија

КРИВА ПАЛАНКА ПОВТОРНО ЦЕНТАР НА БАЛКАНОТ: Митовски најавува мега-ѕвезда за 29 август

05/05/2026

AA

По серијата тешки политички и инфраструктурни теми, градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, го заврши своето гостување во „Ноќно студио“ на 4ТВ со ведри вести за претстојната летна сезона. Тој најави дека градот под Осогово и оваа година ќе го задржи статусот на културно жариште, привлекувајќи гости од целата држава и регионот.

Митовски истакна дека високата реализација на буџетот во делот на културата веќе го дава својот резултат преку целосно променетиот имиџ на Крива Паланка. Според него, културната понуда повеќе не е само забава, туку сериозен поттик за локалниот економски развој.

„Особено ми е драго што успеавме да го промениме јавното мислење за тоа што го работи општината во културата. Сето она што го правиме е во функција на локалната економија – носиме туристи, ги полниме угостителските објекти и го промовираме градот на меѓународно ниво“, изјави Митовски.

Подготовките за „Кривопаланечкото културно лето“ се во полн ек. Програмата традиционално започнува на крајот на јуни и ќе понуди разновидни содржини во текот на јули и август. Митовски потсети дека во изминатите години Крива Паланка успеа да ги донесе најголемите балкански имиња, нешто што го издвојува градот од останатите општини во Македонија.

Главниот фокус на јавноста е насочен кон празникот на градот во август. Иако градоначалникот остана таинствен за името на главниот изведувач, тој откри клучни детали за настанот.

„Преговараме за ѕвездата која ќе ја донесеме за празникот на градот. Главниот музички настан ќе се одржи на 29 август (сабота). Ќе почекаме уште две до три недели за официјално да го потпишеме договорот и да го објавиме името во јавност. Но, ве уверувам, и овој пат нема да ги разочараме нашите поддржувачи – носиме мега-ѕвезда која ќе ја направи Крива Паланка центар на вниманието“, најави Митовски.

Со оваа најава, Крива Паланка јасно става до знаење дека и ова лето ќе биде главна дестинација за љубителите на добрата музика и квалитетната културна понуда, ветувајќи уште една ноќ за паметење на градскиот плоштад.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44991
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026

Утрово телото на Лирим Хајредини е пронајдено во близина на трговскиот центар Мавровка, дознава 4news.mk Според наши информации станува збор

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна во Голем

13/08/2026

Четиргодишниот Богдан од Македонија, кој беше пријавен за исчезнат во познатото летувалиште во Голем во Република Албанија е пронајден жив

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy